
МАКЕДОНСКИ СОН: ДЕВОЈЧЕТО И НЕЈЗИНАТА ХАРМОНИКА
Macеdonian Dream
Гарванлиева Билјана / Македонија / 2007 / 30 мин
Како дете, Емилија добива хармоника, а на 14 години победува на националниот натпревар по хармоника во Македонија. Потекнува од сиромашно, но многу музикално семејство. Емилија се бори за правото да учествува на меѓународен натпревар по хармоника. Свири добро, но услов за учество е да поседува професионална и многу скапа хармоника.
Проекции
Четврток, 16 април19:30
СРЕЌНА НОВА ’49
Happy New `49
Столе Попов / Македонија / 1986 / 125 мин
Дејството започнува во јуни 1948 година. Група југословенски студенти, на школување во СССР, по несогласувањата меѓу двете земји се враќаат дома. Меѓу нив се Драгослав, неговата девојка Вера и блискиот пријател Градимир, чиј живот се прекинува со самоубиство на железничката станица во Суботица. Истрагата започнува веднаш.
Семејството на Драгослав го очекува неговото враќање, особено тешко болната мајка. Таткото Стојан, каменорезец по професија, се грижи за егзистенцијата на семејството, додека сестрата Нела и браќата Коле и Коста се справуваат со своите предизвици и обврски. Драгослав дома ја доведува и Вера, со која сака да се ожени. Семејните конфликти кулминираат со тепачка меѓу браќата, а Драгослав е обвинет од ОЗНА како советски агент и задржан во истражниот затвор.
Проекции
Четврток, 16 април20:00
Оригинален јазик
150 ден
Улоги
Александар Ѓорчев, Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владица Милосављевиќ, Петар Арсовски, Мите Грозданов, Душко Костовски
РежисерСтоле Попов
Година1986

Македонски


