Skip to main content
5lhavJhDYF0

Прeтставен поектот за „Битлси“ кој ќе се состои од 4 филмови и ќе биде готов во април 2028 година

Прeтставен поектот за „Битлси“ кој ќе се состои од 4 филмови и ќе биде готов во април 2028 година.

Проектот ја раскажува приказната на групата од перспектива на секој од четворицата членови, а главните улоги ги толкуваат едни од најактуелните актерски имиња денес. Пол Мескал ќе го игра Пол МакартниБери Киган е во улогата на Ринго СтарЏозеф Квин ќе го портретира Џорџ Харисон, додека Харис Дикинсон ќе се појави како Џон Ленон.

Првите визуелни материјали од филмовите беа претставени преку специјални разгледници дистрибуирани во Институтот за изведувачки уметности во Ливерпул, институција сооснована од Пол Макартни, што дополнително ја нагласи симболиката на проектот и неговата поврзаност со корените на бендот.

Сите четири филма ќе имаат целосна кино-дистрибуција и се планирани за премиера во април 2028 година. Проектот е финансиран и ќе се дистрибуира глобално од „Сони пикчерс“.

Покрај главната актерска екипа, во значајни улоги ќе се појават и Миа Мекена-Брус како Морин СтаркиСорша Ронан како Линда Макартни, Ана Саваи како Јоко Оно и Ејми Лу Вуд како Пети Бојд. Во споредните улоги се најавени и Дејвид Мориси, Лиен Бест, Џејмс Нортон, Хари Лојд, Боби Скофилд, Артур Дарвил и Адам Пали.

Режисерот Сем Мендес работи според сценарија напишани од Џез Батерворт, Питер Строхан и Џек Торн, а продукцијата е резултат на соработката меѓу „Нил стрит продакшнс“, „Епл корпс“ и „Сони пикчерс“.

Овој проект влегува во историјата како првпат „Битлси и „Епл корпс“ официјално да одобрат користење на животните приказни и музиката на членовите на музичката група во играни филмови, што дополнително ја зголемува важноста и очекувањата од овој уникатен филмски настан.

Поврзани вести