
Филмот „Утре наутро“ во режија на Јани Бојаџи после четирите распродадени сали во Скопје, премиерно ќе биде прикажан на 5 декември во во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица со почеток во 20 часот.
На 6 декември филмот ќе биде прикажан во кино Манаки во Битола, соопштија од Културно-информативниот центар Битола и во НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп со почеток во 20 часот.
Сценариото и режијата се на Јани Бојаџи. Во главните улоги сe: Нина Деан и Ирена Илиевска, а останатите улоги ги толкуваат: Гоце Андонов, Јана Никодиновска, Кети Дончевска Илиќ, Бајрам Северџан, Горан Стојаноски, Васил Зафирчев, Роберт Вељановски, Благој Веселинов, Јана Вељановска, Димитрина Мицкоска. Дел од екипата ќе се поклони пред публиката во Битола.
Продуцент на филмот е Јани Бојаџи, извршен продуцент: Дејан Милошевски, директор на фотографија: Дарио Секуловски, монтажер: Давид Дулев, продукциски дизајнер: Јани Бојаџи, сценограф: Гоце Попов, костимограф: Зорка Тодорова, шминкер: Ирена Сенокозлиовска, композитор: Јани Бојаџи. Продуценти се: Синемон медија фактори, Револушн продакшн во соработка со Алфа Национална телевизија.

Македонски






