Skip to main content

Петар Богоевски е годинешен лауреат на „Златен објектив“ на Кинотека

Кинотека

Крајот на април во Кинотеката секоја година е резервиран за доделувањето на „Златниот објектив“. Ова признание Кинотеката го доделува на филмски автори и културни работници кои преку својот професионален ангажман придонеле во создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија.

Со одлука на Управниот одбор на институцијата, годинешниот „Златен објектив“ ќе му биде доделен на Петар Богоевски, светло-мајстор, кој со својот децениски ангажман, работејќи со своите колеги директори на фотографија и камермани, придонел во визуелизацијата на режисерските замисли. Петар Богоевски (1952) професионално се посветил на филмот во 1970-тите години, најпрвин како светло-мајстор во Македонската телевизија, за веќе во 1976 година да се приклучи на екипата во „Вардар филм“ кадешто го минува сиот свој работен век, инволвиран во проекти од секакви филмски родови и жанрови. Работел речиси на сите играни филмови снимени од 1980 до 2010, со Ценевски, Гапо, Столе Попов, Манчевски, Црвенковски, Османли, Митревски, Митриќески, Блажевски, Ристески и други (од „Оловната бригада“ и „Време, води“ (1980) до „Балканкан“ и „Илузија“ (2004), „Контакт“ (2005) и „Тајната книга“ (2006)), како и на голем број документарни и краткометражни играни филмови.

Досегашни добитници на ова признание беа режисерите Столе Попов, Бранко Гапо, Трајче Попов, Кирил Ценевски, Коле Ангеловки, Мето Петровски и Коле Манев, тонскиот снимател Глигор Паковски, аниматорите Дарко Марковиќ и Тонкица Митревска, директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков, филмскиот работник Коста Крпач, продуцентот Панта Мижимаков, филмските критичари Илинденка Петрушева и Благоја Куноски-Доре, монтажерите Димитар Грбевски, Олга Лукова-Дончиќ и Спасе Тасески, костимографите Елена Дончева и Зорка Тодорова-Младеновиќ, како и композиторот Љупчо Константинов.

„Златниот објектив“ традиционално се доделува на 29-ти април, бидејќи на тој датум во 1974 година е објавен Законот за формирање на Кинотека во „Службен весник“, како институција од општ интерес за Републиката, со задача да прибира, обработува, чува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од посебно уметничко, културно, научно, историско и друго општествено значење.

Оттаму, свеченото доделување на „Златниот објектив“ на доајенот Петар Богоевски ќе се одржи во вторник, на 29 април, во 12.00 часот во киносалата на Кинотеката на РС Македонија.

Филмографија на Петар Богоевски:

1978: Побрзај, полека ( Светло, )

1978: Угич ( Светло, )
1978: Подмолна сила ( Светло, )
1978: Среќна Нова година ( Светло, )
1979: Бакнеж ( Светло, )
1979: Голгота ( Светло, )
1979: Самопридонес ( Светло, )
1979: Глава ( Светло, )
1980: Оловна бригада ( Светло, )
1980: Време, води ( Светло, )
1980: Кога ( Светло, )
1980: Иларија ( Светло, )
1982: Јужна патека ( Светло, )
1982: Мостови – Струшки вечери на поезијата ( Светло, )
1982: Огнена бригада ( Светло, )
1982: Вангел Наумовски ( Светло, )
1982: Ткаачки ( Светло, )
1982: БОПС ( Светло, )
1982: Студенчица ( Светло, )
1982: Полноќно сонце ( Светло, )
1983: Ликвидатор ( Светло, )
1983: Отворен колосек ( Светло, )
1983: Виновник ( Светло, )
1984: Црно во црно ( Светло, )
1984: ХЕК Југохром – Попова Шапка ( Светло, )
1984: Фрески и икони во Македонија ( Светло, )
1984: Архитектурата во Македонија од IV до XVII век ( Светло, )
1984: Тунел ( Светло, )
1984: Гостивар вчера и денес ( Светло, )
1985: Јазол ( Светло, )
1985: Полноќни танцувачи ( Светло, )
1985: Металски завод „Тито“ ( Светло, )
1985: Ангроинженеринг ( Светло, )
1985: Опасна баба ( Светло, )
1986: Тоа е мојот живот ( Светло, )
1986: Среќна Нова ‘49 ( Светло, )
1986: Манастир ( Светло, )
1987: Хај-фај ( Светло, )
1987: Тетово низ историјата и денес ( Светло, )
1987: Хидромелиоративен систем „Струмица“ ( Светло, )
1987: Хидромелиоративен систем „Тиквеш“ ( Светло, )
1987: Хидромелиоративен систем „Брегалница“ ( Светло, )
1988: Пчеларник ( Светло, )
1988: Сизиф ( Светло, )
1988: Хидромелиоративен систем „Мантово“ – Радовиш ( Светло, )
1989: Нерези ( Светло, )
1989: Оплакување Христово ( Светло, )
1989: Маркови кули ( Светло, )
1989: Да се остави трага ( Светло, )
1991: Тетовирање ( Светло, )
1991: Љубовта на Кочо Топенчаров ( Светло, )
1992: Исчезнувањето на Сузана Арсова ( Светло, )
1993: Македонска сага ( Светло, )
1993: Светло сиво / Прекрасен свет ( Светло, )
1993: Светло сиво / Птицата Урубу и девица ( Светло, )
1994: Пред дождот ( Светло, )
1994: Чарли Паркер – љубов моја ( Светло, )
1995: Ангели на отпад ( Светло, )
1996: Стопанска Банка ( Светло, )
1997: Џипси меџик ( Светло, )
1997: Преку езерото ( Светло, )
1997: Часовник ( Светло, )
1998: In Continuo ( Светло, )
2000: Гајда ( Светло, )
2000: Кавал ( Светло, )
2000: Мис Амнезија ( Светло, )
2000: Хофманова 13 ( Светло, )
2000: Тунел ( Светло, )
2000: Писмо ( Светло, )
2000: Желба по глината ( Светло, )
2000: Езерани ( Светло, )
2000: Вета ( Светло, )
2000: Излез (Exit) ( Светло, )
2001: Прашина ( Светло, )
2001: Освета ( Светло, )
2002: Најденка ( Светло, )
2002: Сликарот ( Светло, )
2002: Генералот ( Светло, )
2003: Бубачки ( Светло, )
2003: Едно од лицата на смртта ( Светло, )
2004: Балканкан ( Светло, )
2004: Илузија ( Светло, )
2005: Контакт ( Светло, )
2005: Остани исправен ( Светло, )

2006Тајната книга ( Светло, )

Поврзани вести