
Денеска во 18 часот продолжува иницијативата на Aгенцијата за филм со бесплатна проекција на современ македонски филм на големо платно во „Синеплекс“.
По „Панкот не е мртов“ и „Avec l’Amour“, следи „Господ постои, името и’ е Петруниј“, социјална драма која отвора многу теми, потенцирајќи ја нормалноста како привид, а лудилото ококу нас како константа. Според многумина, можеби и најдобриот филм на Теона Митевска.
Пред проекцијата ќе се одржи Q&A со гостите од филмот.

Македонски


