
Хрватската пејачка Јелена Розга беше во Скопје за да го најави својот концерт во Охрид на 29 јули на Античкиот театар. На дружбата со новинарите покажа зошто е една од најбараните во регионот, пријатна, спонтана, харизматична.

Отворено говореше за здравствените проблеми, соработката со семејството Хуљиќ, дружењето со нашата Есма, новата песна која ќе ја испее на Сплитскиот фестивал.

Кога го видела Античкиот театар веднаш посакала да пее на тој простор и оти ова нема да биде обичен настан туку ќе има и симфониски оркестар каков што ја прател и на концертите во Сава Центар во Белград.
