
Кога ми се случи незгодата со ситуацијата со Латас и го доживеав најголемиот линч во мојот живот , ми се јави Панчо. До тогаш немавме разговарано .
Ми се јави и ми кажа: Стефи (не знам зошто така ме викаше) сега гледаш колку е суров овој бизнис. Како преку ноќ се менуваат работите. Затоа секогаш треба да си човек. Тогаш Бог ќе е со тебе и ќе ти помогне. Тука сум за тебе во секое време, ако сум постар,, еве јас ти се јавив прв и батали ги глупостите помеѓу нас, бројот сега ми го имаш, јави се за што и да ти треба.
После неколку години во битката со канцерот на Зоки донираа и пари како ДНК. Претходното лето на настап на Слаткар во Охрид се вртам и го гледам Панчо.. Му викам брату бе, што стоиш на страна дојди со нас. Ми вика не не, нема потреба да ме гледаат, дојдов од срце. Да поддржам наш артист.
Вакви ситуации има многу.
Колку и да сме имале несогласувања, ми покажа дека се било шоубизнис, позадината ти беше секогаш ГОЛЕМА!
Почивај во мир Панчо 💔
За жал денес умре и последната надеж за една од најголемите музички групи во Македонија.
Почивај во мир ДНК💔
Со овие зборови македонскиот водител Стефан Лазаров се опрости од познатиот македонски пејач , член на групата ДНК, Владимир Блажевски Панчо. Утрово Панчо замина. По седум месечна битка за живот не успеа да се избори.
„Џуџе мое, многу ќе ми фалиш“, напиша Перо Антиќ.
Каролина Гочева се опрости:
Пане мој, другар и брат, срце планина, неизмерно ќе ми фалиш и секогаш ќе те сакам…
Калиопи со порака:
Зарем срцето можеше да издржи после сѐ… Многу тажно….многу…
Збогум Панчо…
И Тамара емотивно:
Не беше овој свет за тебе, не е ова место за луѓе со премногу љубов, добрина и талент. Ти од сѐ ова имаше во неизмерни количини и сакам да верувам дека одиш на подобро место.
Многу дружби, спомени, концерти, снимања…
Многу смеење, музика и емоции…
Горда сум што имав брат како тебе, другар за цел живот, колега кој знаеше да ме критикува, пофали, советува…
Патувај мирно Џуџе.
Секогаш ќе те сакам. 💔
Дани Димитровска со порака до својот колега и сосед:
Ахх бе Пане
Збогум комшо мој
Сочувство до семејството
И актерот и министер за култура, Зоран Љутков со посвета за прераното заминување на Панчо:
Тешко е да се најдат зборови кога ќе замине човек како Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК.
Панчо беше човек со големо срце, татко, пријател и хуманитарец кој остави трага што никогаш нема да се избрише.
Неговата добрина, несебичност и љубов кон луѓето ќе останат вечен пример за сите нас.
Искрено сочувство до целото негово семејство. Нека почива во мир, а споменот за него засекогаш да живее меѓу нас
Миа Костова со кратка порака
„Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе, мислев нема да се дадеш“.
Се опрости и Антониа Гиговска:
„Фала ти за секој совет, фала ти за поддршката што ми ја даваше секогаш во секое време, ќе ни фалиш на сите“.
Писателката Ксенија Николова напиша:
„Подаваше рака. Ми ги читаше книгите и секогаш сакаше да поддржи. Многу ми е жал. Без зборови сум. ДНК ќе живее вечно со вашата музика. Се поклонувам. Фала ти Панчо за сѐ. Сочувство до семејството“.
Познатата докторка Маја Кирјас напиша:
Почивај во мир беби……
Побогу што да пишам…
Твојата насмевка, твојата добрина и твоето срце ќе фалат многу
Тешко е да се поверува дека те нема, но љубовта што ја остави зад себе ќе живее вечно
Нека ангелите те чуваат, а небото ти биде мирен дом
Таско со долга посвета:
„Душата ми е распарчена стари… Не сакам да верувам во ова што го читам и гледам. Ти ми беше еден од ретките луѓе кои не бев сродство по крв, но го чувствував како роден брат.
Секогаш знаеше да ме дигнеш кога ќе паднам, беше тука за мене во најтешките и најсреќните моменти од мојот живот, знаеше да ме вратиш назад во живот како никој друг…
Стари мој, што и да пишам за тебе е малце, ваква величина како тебе има само датум на раѓање, и еден цел живот е малце за благодарноста која што ја чувствувам секој ден од кога те запознав.
Никогаш нема да те заборавам, и ветувам ќе ја носам љубовта во мене како што само ти ме учеше. Фала ти за се, и се гледаме на друго место. Почивај во мир, ќе ми фалиш…“.
Нина Јанева со порака:
„Што и да сакам да кажам, малку е.. Не излегува од грлово… Почивај во мир голем човеку“, напиша пејачката Нина Јанева.
Бока Конга се заблагодари на ДНК:
„Пред една година ја снимивме ‘Чаршија’… остана само да збори цела чаршија и целиот свет за вашите дела, музика, музичка група, човечност. Фала ви“
Даниел Николовски напиша:
„Многу спомени, а само убави ме врзуваат за тебе. Царството небесно сега има уште еден ангел. Јас сум сигурен дека ти го најде својот спокој, иако болката и тагата се огромни за сите нас. Почивај во мир голем човеку“.
И Кики Мукаетова се прости од Панчо:
„Скокав и плачев од радост кога те слушнавме летово. Денес, огромна тага и гнев. Зошто? Те познавав кратко, но вистинска чест ми е што запознав голем човек пред сѐ. Широко небо Панчо, пеј со ангелите горе. Те сакаме“.