
Гласините дека Амал и Џорџ Клуни се разведуваат повторно се разгореа, а извори блиски до двојката велат дека таа е во фаза на „пробно раскинување“.
Раздорот настанал откако Џорџ Клуни одлучи да создаде Бродвејска адаптација на неговиот филм Good Night and Good Luck, пишува RadarOnline.
„Колку што Амал е горда што тој го остварува својот сон на Бродвеј, не беше лесно да се одвојат еден од друг толку долго и поради тоа се оддалечија“, коментира изворот, посочувајќи го најголемиот проблем што довел до оваа фаза од среќниот брак на познатата двојка.
Таа е навикната тој да оди на неколку дена, но ова е дефинитивно тест за нивната врска, додал изворот.
Практично, нивните индивидуални обврски создадоа дистанца меѓу нив, вели упатените.
Во 2014 година Џорџ Клуни (63) се ожени со Амал Клуни, 17 години помлада од него адвокатка, а со неа пред седум години ги доби близнаците Ела и Александар.