Skip to main content

Кога парите пресушија, паднаа и маските: Орданоски и сличните ги злоупотребуваа Албанците за проекти и привилегии

Во Македонија долго време гледавме како одредени луѓе, поддржани од странски фондови, си обезбедија удобен живот претставувајќи се како бранители на демократијата.

Ги слушавме како зборуваат за „опасноста“ од ВМРО-ДПМНЕ, како убедуваат странски дипломати дека постои некаков антиевропски фронт, а всушност единствената вистина беше дека тоа беше нивниот најпрофитабилен проект.

Цели години ни се продаваше наративот дека СДСМ и нивните „аналитичари“ се единствените што ја водат Македонија по вистинскиот пат, додека сите што мислат поинаку беа оцрнувани како „опасни“, „антизападни“ или „ретроградни“.
Но, што навистина се криеше зад оваа приказна?
Пари.

Пари за „проекти“, за медиумски настапи, за истражувања што секогаш покажуваа она што беше однапред договорено.

Зошто токму ВМРО-ДПМНЕ беше мета?
Не затоа што реално биле „антизападни“, туку затоа што тоа беше најлесен начин да се привлечат средства.
Ако им кажете на странците дека во Македонија постои закана, ќе добиете проект за „демократска едукација“.
Ако го насликате ВМРО како проблем, ќе добиете уште една поддршка за „јакнење на демократските капацитети“.

Но реалноста секогаш излегува на површина.
Денеска, кога политичките ветришта во Вашингтон се сменија, повеќе нема пари за истрошените приказни на овие „експерти“. Веќе никој не сака да слуша како истите луѓе повторуваат една иста реченица веќе две децении.

И сега кога изворот на финансирање пресушува, гледаме како полека исчезнуваат и тие. Ги нема во медиумите, ги нема со нови анализи, ги нема со „загрижени изјави“ за демократијата. А причината е едноставна – сè што правеа, го правеа за личен интерес.

За Орданоски и таквите, Албанците беа само маска за да лапаат повеќе пари и повеќе проекти. Тие секогаш биле на страната на партиските служби кои збореле за Албанците, само не за Албанците.
Тие имаат тоталитарна свест.

Сега се гледа тоа најсјајно откако пресушија изворите.