Република За подобро да се разбереме 2024-05-18T20:23:18Z https://republika.mk/feed/atom/ https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Катерина <![CDATA[„Вреди“: Ахмети ја загубил контролата откако сфатил дека ја загубил власта]]> https://republika.mk/?p=779671 2024-05-18T20:22:50Z 2024-05-18T20:22:50Z

„Со жалење можеме да кажеме дека со секое ново појавување на Али Ахмети неговата состојба станува посериозна. Тоа се должи или на манипулации на Артан и Бујар, или Ахмети изгубил контрола, бидејќи се разоткриваат неговите незаконски дела“ соопштија од Вреди.

Како што наведуваат од коалицијата, во првостепеното одлучување во ДИК немало етничко надгласување, туку врз основа на докази едногласно е одлучено дека „мултиетничкиот фронт“ предводен од ДУИ на 8 мај го прекршил изборниот процес со манипулации со гласот на Албанците.

Велат дека одлуката била донесена и со гласот на членот на ДУИ во ДИК. Оттаму додаваат дека за разлика од 2021 година, сега Управниот суд докажал дека ДУИ манипулирала за време на изборниот процес.

„Не држат изјавите на Ахмети со кои се обидува Мултиетничкиот фронт да го претстави како претставник на Албанците, бидејќи самиот овој фронт се изјасни дека е мултиетничка коалиција со граѓански концепт, додека Вреди е единствената албанска опција кај нас.

На сите им е јасно дека Али Ахмети ја загубил контролата откако сфатил дека ја загубил власта. Но го повикуваме, доколку сака европска перспектива за земјата, да остане смирен, да ги води партнерите од фронтот во конструктивна мултиетничка опозиција. Да ги поддржиме прашањата што се во интерес на Албанците, како што тоа досега го правеа партиите од Вреди како опозиција. Да дозволиме правдата да дејствува. Кога правдата ги следи законите, тогаш евроинтегративниот пат на државата е загарантиран“, се вели во реакцијата на Вреди.

The post „Вреди“: Ахмети ја загубил контролата откако сфатил дека ја загубил власта appeared first on Република.

]]>

„Со жалење можеме да кажеме дека со секое ново појавување на Али Ахмети неговата состојба станува посериозна. Тоа се должи или на манипулации на Артан и Бујар, или Ахмети изгубил контрола, бидејќи се разоткриваат неговите незаконски дела“ соопштија од Вреди. Како што наведуваат од коалицијата, во првостепеното одлучување во ДИК немало етничко надгласување, туку врз основа на докази едногласно е одлучено дека „мултиетничкиот фронт“ предводен од ДУИ на 8 мај го прекршил изборниот процес со манипулации со гласот на Албанците. Велат дека одлуката била донесена и со гласот на членот на ДУИ во ДИК. Оттаму додаваат дека за разлика од 2021 година, сега Управниот суд докажал дека ДУИ манипулирала за време на изборниот процес.
„Не држат изјавите на Ахмети со кои се обидува Мултиетничкиот фронт да го претстави како претставник на Албанците, бидејќи самиот овој фронт се изјасни дека е мултиетничка коалиција со граѓански концепт, додека Вреди е единствената албанска опција кај нас. На сите им е јасно дека Али Ахмети ја загубил контролата откако сфатил дека ја загубил власта. Но го повикуваме, доколку сака европска перспектива за земјата, да остане смирен, да ги води партнерите од фронтот во конструктивна мултиетничка опозиција. Да ги поддржиме прашањата што се во интерес на Албанците, како што тоа досега го правеа партиите од Вреди како опозиција. Да дозволиме правдата да дејствува. Кога правдата ги следи законите, тогаш евроинтегративниот пат на државата е загарантиран“, се вели во реакцијата на Вреди.

The post „Вреди“: Ахмети ја загубил контролата откако сфатил дека ја загубил власта appeared first on Република.

]]>
Игор Чавески <![CDATA[Ова е ќерката на Борис Бекер што ја направи во тоалет]]> https://republika.mk/?p=779660 2024-05-18T19:46:53Z 2024-05-18T20:22:07Z

Цел свет знае дека Ана Бекер е резултат на петминутна афера на скалите на еден клуб на поранешнот тенисер Борис Бекер.

Борис ја добии Ана со манекенката Ангела Ермакова, а самиот факт што девојчето го носи презимето на нејзината мајка укажува на одредени проблеми. Не е родена во брак, па дури ни во врска.

Анџела забременила случајно за време на петминутнот страсен секс  во ресторан во Лондон. Во времето на оваа врска тој беше во брак со Барбара Фелтус, која тогаш беше бремена и очекуваше второ дете со него.

За целиот скандал отворено зборуваше и самиот Бекер, кој на почетокот не сакаше ниту да ја признае својата ќерка.

Сепак тенисерот ја призна Ана, и се обиде да биде добар татко и истакна дека успеал да ја нормализира врската, па денес често се во контакт.

Оваа необична 22-годишна девојка со црвена коса, кадрава коса и полни усни има голем успех во светот на манекенството.

The post Ова е ќерката на Борис Бекер што ја направи во тоалет appeared first on Република.

]]>

Цел свет знае дека Ана Бекер е резултат на петминутна афера на скалите на еден клуб на поранешнот тенисер Борис Бекер. Борис ја добии Ана со манекенката Ангела Ермакова, а самиот факт што девојчето го носи презимето на нејзината мајка укажува на одредени проблеми. Не е родена во брак, па дури ни во врска. Анџела забременила случајно за време на петминутнот страсен секс  во ресторан во Лондон. Во времето на оваа врска тој беше во брак со Барбара Фелтус, која тогаш беше бремена и очекуваше второ дете со него. За целиот скандал отворено зборуваше и самиот Бекер, кој на почетокот не сакаше ниту да ја признае својата ќерка. Сепак тенисерот ја призна Ана, и се обиде да биде добар татко и истакна дека успеал да ја нормализира врската, па денес често се во контакт. Оваа необична 22-годишна девојка со црвена коса, кадрава коса и полни усни има голем успех во светот на манекенството.

The post Ова е ќерката на Борис Бекер што ја направи во тоалет appeared first on Република.

]]>
Катерина <![CDATA[Ако досега не сте чувале куче, никако не вдомувајте чивава, вучјак, па дури ни далматинец]]> https://republika.mk/?p=779625 2024-05-18T20:16:13Z 2024-05-18T20:14:10Z

Секое куче може да биде агресивно, без разлика на расата. Порталот „Дог академи“ посочува некои од најагресивните раси кучиња и додава дека одредени раси на кучиња се посклони кон агресија за разлика од други. Во продолжение се расите на кучиња кои не се препорачуваат за неискусни љубители и сопственици кои немаат доволно време за обука, тренинг и за дружење со миленикот.

Чивава

Иако ова е мало, верно куче, одгледувачите многу добро знаат за неговата агресивност и проблеми со однесувањето. Чивавите може да бидат многу непријателски настроени кон туѓинци и кон други животни. Поради својата големина, не се сметаат за „најопасната“ раса, но доколку не се правилно одгледани и социјализирани, може да предизвикаат штета со каснувања.

Ротвајлер

Ова куче има вродена агресија поради што некои луѓе ги користат, пред сѐ, за борба со кучиња. Ова куче е заштитнички настроено и верно на својот сопственик, но има голем нагон за барање плен и затоа му треба добар тренинг. Сепак, ротвајлерот е интелигентно милениче и брзо учи, поради што не е проблем за сопствениците кои имаат искуство со агресивни раси.

Питбул-териер

Како силни, мускулести и кучиња со силна вилица, и питбул-териерите често се користат во уличните борби. Во погрешни раце, овие кучиња стануваат и сериозна опасност за околината, со доволно чести смртни исходи. Се препорачуваат само за искусни сопственици.

Неаполски мастиф

Овие кучиња станаа светски познати веројатно и поради кучето Фанг кое се појавува во серијалот „Хари Потер“. Иако големо и силно, ова куче е исклучително верно. Агресивно е кон туѓинци и кон секое лице или животно што го смета за закана. Тренингот и социјализацијата на мастифот треба да почнат кога сѐ уште е мало куче – за да се спречи агресивното однесување подоцна.

Чау-чау

Иако изгледаат како „плишани мечиња“, и овие кучиња се познати по својата недружељубива и агресивна природа. Тие обично може да се одгледуваат за лов и чување имот. За ова куче да ја потисне својата агресија, му треба постојана обука и строга контрола.

Аргентинска дога или мастиф

Бара строго воспитување, доследен тренинг и искусен сопственик за да се спречи секакво агресивно однесување. Не треба да се чува во домаќинства со други животни.

Германски овчар

Во погрешни раце, и овој домашен миленик може да биде опасен и агресивен, бидејќи е природен заштитник на својата територија, па така и на своето семејство. Поради неговата висока интелигенција и брзо учење, денес често се користи и како полициско-воено куче.

Германската армија почна со обука на службени кучиња за откривање на инфекција со коронавирусот.

Мексиканската армија оваа недела стана побогата за еден член – тримесечен германски овчар. Тој ќе биде дел од специјалната единица за наоѓање и помош на преживеани лица по земјотрес и други п

Јазовчар

Како и чивавата, и јазовчарот е мало куче склоно кон агресија. Поради нивната големина, тие често се чувствуваат загрозени и тоа обично резултира со ‘ржење, лаење и гризење заради заштита. Ним им треба тренинг и социјализација што почнува што е можно порано, поради потиснување на агресијата.

Далматинец

Познатите точкести кучиња се заштитен знак на противпожарните единици, но и тие важат за агресивни кучиња, што произлегува од нивната тврдоглавост и нагонот за бранење на својата територија. Покрај тоа, далматинецот има и висок нагон за плен, поради што може да нападне и дете. Со соодветни вежби и социјализација, и ова куче може да биде одлично семејно милениче.

The post Ако досега не сте чувале куче, никако не вдомувајте чивава, вучјак, па дури ни далматинец appeared first on Република.

]]>

Секое куче може да биде агресивно, без разлика на расата. Порталот „Дог академи“ посочува некои од најагресивните раси кучиња и додава дека одредени раси на кучиња се посклони кон агресија за разлика од други. Во продолжение се расите на кучиња кои не се препорачуваат за неискусни љубители и сопственици кои немаат доволно време за обука, тренинг и за дружење со миленикот.

Чивава

Иако ова е мало, верно куче, одгледувачите многу добро знаат за неговата агресивност и проблеми со однесувањето. Чивавите може да бидат многу непријателски настроени кон туѓинци и кон други животни. Поради својата големина, не се сметаат за „најопасната“ раса, но доколку не се правилно одгледани и социјализирани, може да предизвикаат штета со каснувања.

Ротвајлер

Ова куче има вродена агресија поради што некои луѓе ги користат, пред сѐ, за борба со кучиња. Ова куче е заштитнички настроено и верно на својот сопственик, но има голем нагон за барање плен и затоа му треба добар тренинг. Сепак, ротвајлерот е интелигентно милениче и брзо учи, поради што не е проблем за сопствениците кои имаат искуство со агресивни раси.

Питбул-териер

Како силни, мускулести и кучиња со силна вилица, и питбул-териерите често се користат во уличните борби. Во погрешни раце, овие кучиња стануваат и сериозна опасност за околината, со доволно чести смртни исходи. Се препорачуваат само за искусни сопственици.

Неаполски мастиф

Овие кучиња станаа светски познати веројатно и поради кучето Фанг кое се појавува во серијалот „Хари Потер“. Иако големо и силно, ова куче е исклучително верно. Агресивно е кон туѓинци и кон секое лице или животно што го смета за закана. Тренингот и социјализацијата на мастифот треба да почнат кога сѐ уште е мало куче – за да се спречи агресивното однесување подоцна.

Чау-чау

Иако изгледаат како „плишани мечиња“, и овие кучиња се познати по својата недружељубива и агресивна природа. Тие обично може да се одгледуваат за лов и чување имот. За ова куче да ја потисне својата агресија, му треба постојана обука и строга контрола.

Аргентинска дога или мастиф

Бара строго воспитување, доследен тренинг и искусен сопственик за да се спречи секакво агресивно однесување. Не треба да се чува во домаќинства со други животни.

Германски овчар

Во погрешни раце, и овој домашен миленик може да биде опасен и агресивен, бидејќи е природен заштитник на својата територија, па така и на своето семејство. Поради неговата висока интелигенција и брзо учење, денес често се користи и како полициско-воено куче. Германската армија почна со обука на службени кучиња за откривање на инфекција со коронавирусот. Мексиканската армија оваа недела стана побогата за еден член – тримесечен германски овчар. Тој ќе биде дел од специјалната единица за наоѓање и помош на преживеани лица по земјотрес и други п

Јазовчар

Како и чивавата, и јазовчарот е мало куче склоно кон агресија. Поради нивната големина, тие често се чувствуваат загрозени и тоа обично резултира со ‘ржење, лаење и гризење заради заштита. Ним им треба тренинг и социјализација што почнува што е можно порано, поради потиснување на агресијата.

Далматинец

Познатите точкести кучиња се заштитен знак на противпожарните единици, но и тие важат за агресивни кучиња, што произлегува од нивната тврдоглавост и нагонот за бранење на својата територија. Покрај тоа, далматинецот има и висок нагон за плен, поради што може да нападне и дете. Со соодветни вежби и социјализација, и ова куче може да биде одлично семејно милениче.

The post Ако досега не сте чувале куче, никако не вдомувајте чивава, вучјак, па дури ни далматинец appeared first on Република.

]]>
Катерина <![CDATA[Белата куќа го осуди потегот на Макрон да ја покани Русија на одбележувањето на „Денот Д“]]> https://republika.mk/?p=779662 2024-05-18T20:05:50Z 2024-05-18T20:05:50Z

Претседателот на Франција Емануел Макрон покани претставник на Русија на прославата на 80-годишнината од Денот Д, односно слетувањето во Нормандија, потег кој наиде на осуда од страна на Белата куќа.

Од Белата куќа соопштија дека воопшто не се задоволни од оваа одлука на владата во Париз, но дека можеби сепак Макрон донел добра одлука.

Се надеваме дека ова ќе ги потсети Русите дека некогаш се бореле против вистински нацисти, а не со имагинарни, изјавија од Белата куќа за Политико.

На одлуката на оваа церемонија да се вклучи и претставник на Русија негодуваа и европски дипломатии.

The post Белата куќа го осуди потегот на Макрон да ја покани Русија на одбележувањето на „Денот Д“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Франција Емануел Макрон покани претставник на Русија на прославата на 80-годишнината од Денот Д, односно слетувањето во Нормандија, потег кој наиде на осуда од страна на Белата куќа. Од Белата куќа соопштија дека воопшто не се задоволни од оваа одлука на владата во Париз, но дека можеби сепак Макрон донел добра одлука.
Се надеваме дека ова ќе ги потсети Русите дека некогаш се бореле против вистински нацисти, а не со имагинарни, изјавија од Белата куќа за Политико.
На одлуката на оваа церемонија да се вклучи и претставник на Русија негодуваа и европски дипломатии.

The post Белата куќа го осуди потегот на Макрон да ја покани Русија на одбележувањето на „Денот Д“ appeared first on Република.

]]>
Игор Чавески <![CDATA[Тешка сообраќајка пред влезот на Клинички центар]]> https://republika.mk/?p=779665 2024-05-18T20:00:34Z 2024-05-18T20:00:34Z

Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случи на булеварот „Мајка Тереза“, пред влезот на Клиничкиот центар.

Според информациите на Курир.мк од терен, во несреќата учествувале неколку возила.

Неофицијално, судирот се случил меѓу два автомобили, по што оштетени биле и паркирани возила.

Неофицијално, неколку лица се пожалиле на полесни повреди, но засега нема официјална потврда.

Извор: Курир.мк

The post Тешка сообраќајка пред влезот на Клинички центар appeared first on Република.

]]>

Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случи на булеварот „Мајка Тереза“, пред влезот на Клиничкиот центар. Според информациите на Курир.мк од терен, во несреќата учествувале неколку возила. Неофицијално, судирот се случил меѓу два автомобили, по што оштетени биле и паркирани возила. Неофицијално, неколку лица се пожалиле на полесни повреди, но засега нема официјална потврда.   Извор: Курир.мк

The post Тешка сообраќајка пред влезот на Клинички центар appeared first on Република.

]]>
Катерина <![CDATA[Силјановска избра културна дипломатија: Не мислам дека минатото ни е романтично, но мораме да живееме денес и да работиме за иднината]]> https://republika.mk/?p=779644 2024-05-18T20:23:18Z 2024-05-18T19:42:03Z

Претседателката Гордана Силјановска Давкова одлучи првото појавување во јавноста откако положи заклетва на 12 мај да го резервира за 52. издание на Мајските музички вечери и за гостувањето на Софиската опера и балет во Скопје.

Не мислам дека минатото ни е романтично, ни вашето ни нашето, но мораме да живееме денес и да работиме за иднината, изјави Силјановска-Давкова пред почетокот на изведбата на операта „Валкира“ од оперскиот реформатор Рихард Вагнер.

https://republika.mk/vesti/kultura/ekskluziven-nastan-vecherva-na-mob-valkira-od-vagner-so-koja-gostuva-sofiskata-opera-prvpat-ke-se-izvede-na-nasha-stsena/

Силјановска се сретна со директорот на софиската опера и балет Пламен Карталов и посочи дека е многу запознаена со неговата работа и дека дошла да се восхитува на премиерата.

На прашањето дали нејзиното присуство е знак на пријателство, Силјановска потврди.

Да, ова е еден чекор. Верувам во културната дипломатија и верувам дека е посилна од традиционалната дипломатија. Затоа дојдов да уживам во операта вечерва. Го познавам и академик Карталов, мислам дека е исклучителен. Мислам дека Пламен ќе го запали културниот пламен овде.

Софискиот ансамбл кој гостува во Скопје доаѓа со повеќе од 130 бугарски солисти, оркестар и балет.

The post Силјановска избра културна дипломатија: Не мислам дека минатото ни е романтично, но мораме да живееме денес и да работиме за иднината appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Силјановска Давкова одлучи првото појавување во јавноста откако положи заклетва на 12 мај да го резервира за 52. издание на Мајските музички вечери и за гостувањето на Софиската опера и балет во Скопје.
Не мислам дека минатото ни е романтично, ни вашето ни нашето, но мораме да живееме денес и да работиме за иднината, изјави Силјановска-Давкова пред почетокот на изведбата на операта „Валкира“ од оперскиот реформатор Рихард Вагнер.
https://republika.mk/vesti/kultura/ekskluziven-nastan-vecherva-na-mob-valkira-od-vagner-so-koja-gostuva-sofiskata-opera-prvpat-ke-se-izvede-na-nasha-stsena/ Силјановска се сретна со директорот на софиската опера и балет Пламен Карталов и посочи дека е многу запознаена со неговата работа и дека дошла да се восхитува на премиерата. На прашањето дали нејзиното присуство е знак на пријателство, Силјановска потврди.
Да, ова е еден чекор. Верувам во културната дипломатија и верувам дека е посилна од традиционалната дипломатија. Затоа дојдов да уживам во операта вечерва. Го познавам и академик Карталов, мислам дека е исклучителен. Мислам дека Пламен ќе го запали културниот пламен овде.
Софискиот ансамбл кој гостува во Скопје доаѓа со повеќе од 130 бугарски солисти, оркестар и балет.

The post Силјановска избра културна дипломатија: Не мислам дека минатото ни е романтично, но мораме да живееме денес и да работиме за иднината appeared first on Република.

]]>
Nena <![CDATA[Дигитална интерактивна изложба “Livelyyy” на францускиот уметник Гијомит по повод 50 години Француски институт во Скопје]]> https://republika.mk/?p=779475 2024-05-18T19:01:57Z 2024-05-18T19:28:16Z

Францускиот институт во Скопје и Ист Гејт Мол (East Gate Mall) во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето на Францускиот институт во Скопје, поставуваат ексклузивна дигитална поставка, насловена како « Livelyyy », на францускиот уметник Гијомит.
Муралот ќе биде поставен покрај главниот влез на Ист Гејт Мол и претставува прва дигитална интерактивна изложба - од вкупно три - кои ќе бидат отворени за посетителите.

Изложбата ќе биде отворена од сабота 18 мај до сабота 1 јуни 2024 година.

Огромниот мурал „заживува“ во уште поголем 3Д универзум преку апликација за зголемена реалност наменета за мобилни уреди. А во тој волшебен свет се пристапува до интерактивна видео игра во која посетителот станува „градинар“, којшто треба да се погрижи за живиот свет и животната средина.

The post Дигитална интерактивна изложба “Livelyyy” на францускиот уметник Гијомит по повод 50 години Француски институт во Скопје appeared first on Република.

]]>

Францускиот институт во Скопје и Ист Гејт Мол (East Gate Mall) во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето на Францускиот институт во Скопје, поставуваат ексклузивна дигитална поставка, насловена како « Livelyyy », на францускиот уметник Гијомит. Муралот ќе биде поставен покрај главниот влез на Ист Гејт Мол и претставува прва дигитална интерактивна изложба - од вкупно три - кои ќе бидат отворени за посетителите.

Изложбата ќе биде отворена од сабота 18 мај до сабота 1 јуни 2024 година.

Огромниот мурал „заживува“ во уште поголем 3Д универзум преку апликација за зголемена реалност наменета за мобилни уреди. А во тој волшебен свет се пристапува до интерактивна видео игра во која посетителот станува „градинар“, којшто треба да се погрижи за живиот свет и животната средина.

The post Дигитална интерактивна изложба “Livelyyy” на францускиот уметник Гијомит по повод 50 години Француски институт во Скопје appeared first on Република.

]]>
Катерина <![CDATA[Богати луѓе се раѓаат во Јарец, Бик и во уште три знаци – проверете дали сте предодредени]]> https://republika.mk/?p=779630 2024-05-18T19:33:16Z 2024-05-18T19:18:56Z

Кога размислуваме за најбогатите луѓе во светот, често се фокусираме на нивниот деловен успех, иновативност и способност да ги препознаваме можностите. Сепак, постои и интересна врска помеѓу богатството и хороскопските знаци. Некои астролози веруваат дека одредени знаци од Зодијакот имаат поголема предиспозиција за успех и богатство. Во продолжение прочитајте во кои хороскопски знаци често се раѓаат милијардери и милионери.

Јарец

Јарците се познати по својата амбиција, трудољубивост и дисциплина. Нивната способност да планираат и организираат често ги води до врвот на корпоративната скала. Еден од најпознатите милијардери Јарец е Џеф Безос. Јарците имаат неверојатна издржливост и трпение, што им овозможува доследно да работат кон своите цели, без оглед на пречките.

Бик

Биковите се познати по својата упорност, сигурност и практичност. Тие имаат природен талент за финансии и инвестиции, што ги прави одлични деловни лидери. Примери за богати Бикови се Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук и Џорџ Клуни, кој покрај актерството, постигна значителен финансиски успех во претприемништвото. Биковите често се претпазливи и внимателни, што им помага да донесат мудри финансиски одлуки.

Лав

Лавовите се родени лидери со природна харизма и храброст. Нивната желба за признание и успех често ги води до истакнати позиции. Примери за богати Лавови се Лери Елисон, основачот на Oracle и Кајли Џенер, која успеа да изгради козметичка империја. Лавовите се самоуверени и не се плашат да ризикуваат, што често резултира со големи финансиски награди.

Вага

Вагите се познати по својата дипломатска природа, шарм и сталоженост. Нивните социјални вештини и способност да создаваат врски често им помагаат во деловниот свет. Примери за богати Ваги се Ралф Лорен, модниот дизајнер и Ким Кардашијан, која изгради империја во индустријата за забава и убавина. Вагите се вешти во преговорите и често ги привлекуваат луѓето со својот шарм, што им го олеснува патот до богатството.

Близнаци

Близнаците се познати по нивната приспособливост, разноврсност и комуникациски вештини. Нивната способност да размислуваат брзо и да се движат во различни ситуации често им помага во деловниот свет. Примери за богати Близнаци се Доналд Трамп, поранешен американски претседател и бизнис магнат и новинарот Андерсон Купер. Близнаците се одлични во вмрежувањето и создавањето нови деловни врски, што им овозможува да создадат бројни можности за финансиски успех.

The post Богати луѓе се раѓаат во Јарец, Бик и во уште три знаци – проверете дали сте предодредени appeared first on Република.

]]>

Кога размислуваме за најбогатите луѓе во светот, често се фокусираме на нивниот деловен успех, иновативност и способност да ги препознаваме можностите. Сепак, постои и интересна врска помеѓу богатството и хороскопските знаци. Некои астролози веруваат дека одредени знаци од Зодијакот имаат поголема предиспозиција за успех и богатство. Во продолжение прочитајте во кои хороскопски знаци често се раѓаат милијардери и милионери. Јарец Јарците се познати по својата амбиција, трудољубивост и дисциплина. Нивната способност да планираат и организираат често ги води до врвот на корпоративната скала. Еден од најпознатите милијардери Јарец е Џеф Безос. Јарците имаат неверојатна издржливост и трпение, што им овозможува доследно да работат кон своите цели, без оглед на пречките. Бик Биковите се познати по својата упорност, сигурност и практичност. Тие имаат природен талент за финансии и инвестиции, што ги прави одлични деловни лидери. Примери за богати Бикови се Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук и Џорџ Клуни, кој покрај актерството, постигна значителен финансиски успех во претприемништвото. Биковите често се претпазливи и внимателни, што им помага да донесат мудри финансиски одлуки. Лав Лавовите се родени лидери со природна харизма и храброст. Нивната желба за признание и успех често ги води до истакнати позиции. Примери за богати Лавови се Лери Елисон, основачот на Oracle и Кајли Џенер, која успеа да изгради козметичка империја. Лавовите се самоуверени и не се плашат да ризикуваат, што често резултира со големи финансиски награди. Вага Вагите се познати по својата дипломатска природа, шарм и сталоженост. Нивните социјални вештини и способност да создаваат врски често им помагаат во деловниот свет. Примери за богати Ваги се Ралф Лорен, модниот дизајнер и Ким Кардашијан, која изгради империја во индустријата за забава и убавина. Вагите се вешти во преговорите и често ги привлекуваат луѓето со својот шарм, што им го олеснува патот до богатството. Близнаци Близнаците се познати по нивната приспособливост, разноврсност и комуникациски вештини. Нивната способност да размислуваат брзо и да се движат во различни ситуации често им помага во деловниот свет. Примери за богати Близнаци се Доналд Трамп, поранешен американски претседател и бизнис магнат и новинарот Андерсон Купер. Близнаците се одлични во вмрежувањето и создавањето нови деловни врски, што им овозможува да создадат бројни можности за финансиски успех.

The post Богати луѓе се раѓаат во Јарец, Бик и во уште три знаци – проверете дали сте предодредени appeared first on Република.

]]>
Игор Чавески <![CDATA[Ова се антисекс кревети за спортистите на Олимпиијадата во Париз]]> https://republika.mk/?p=779640 2024-05-18T19:00:59Z 2024-05-18T19:15:10Z

Антисексуалните кревети пристигнаа во Олимпиското село во Париз, на кои спортистите ќе спијат за време на Олимписките игри закажани од 26 јули до 11 август.

Овие 18.000 кревети се долги 2,1 метар и можат да носат до 200 килограми. Тие се направени од рециклиран картон, душеците се од полиетилен, а по Олимписките игри ќе се користат за производство на пластика.

Одлуката е во согласност со еколошките стандарди кои претходно ги поставија организаторите на Олимписките игри.

Секој кревет ќе има по три перници, а секој спортист ќе може да ги избере перниците според своите потреби во посебна апликација.

Овие кревети се нарекуваат кревети против секс бидејќи се премногу слаби за секаков вид на интимни односи. Ова е утврдено врз основа на искуството од Олимписките игри во Токио во 2021 година, кога тие беа користени за прв пат.

The post Ова се антисекс кревети за спортистите на Олимпиијадата во Париз appeared first on Република.

]]>

Антисексуалните кревети пристигнаа во Олимпиското село во Париз, на кои спортистите ќе спијат за време на Олимписките игри закажани од 26 јули до 11 август. Овие 18.000 кревети се долги 2,1 метар и можат да носат до 200 килограми. Тие се направени од рециклиран картон, душеците се од полиетилен, а по Олимписките игри ќе се користат за производство на пластика. Одлуката е во согласност со еколошките стандарди кои претходно ги поставија организаторите на Олимписките игри. Секој кревет ќе има по три перници, а секој спортист ќе може да ги избере перниците според своите потреби во посебна апликација. Овие кревети се нарекуваат кревети против секс бидејќи се премногу слаби за секаков вид на интимни односи. Ова е утврдено врз основа на искуството од Олимписките игри во Токио во 2021 година, кога тие беа користени за прв пат.

The post Ова се антисекс кревети за спортистите на Олимпиијадата во Париз appeared first on Република.

]]>
Катерина <![CDATA[На фудбалери помлади од 11 години ќе им биде забрането да играат со глава]]> https://republika.mk/?p=779629 2024-05-18T18:41:28Z 2024-05-18T18:55:11Z

На децата во Англија ќе им биде забрането да играат фудбал со глава во обид да се подобри нивната безбедност.

Фудбалската асоцијација (ФА) објави дека ќе започне постепено да забранува удари со глава на сите тимски натпревари за деца на возраст од 11 години и помали. Идејата беше тестирана околу две години. Намерниот удар со глава ќе биде казнет со индиректен слободен удар.

Децата од 7 до 9 години ќе престанат да играат со глава од следната сезона, до 10 години - од сезоната 2025/26, а до 11 години - од сезоната 2026/27. Почнувајќи од 12-годишна возраст, ќе биде дозволено играње со глава.

- Продолжуваме да играме водечка улога во оценувањето и подобрувањето на безбедноста на фудбалот. Нашата цел е, меѓу другото, да создадеме поголема техничка способност за играчите да играат со топката во нивните нозе, да обезбедиме поефикасно користење на времето за играње и да го намалиме времето кога топката е во воздух за време на натпреварот, објави ФА во соопштението.

Мерката доаѓа во време на истражување кое сугерира дека поранешните фудбалери имаат поголема веројатност да умрат од проблеми со мозокот отколку пошироката јавност. На пример, професионалните фудбалери имаат три и пол пати поголеми шанси да умрат од деменција отколку просечниот човек на иста возраст, објавија студиите.

The post На фудбалери помлади од 11 години ќе им биде забрането да играат со глава appeared first on Република.

]]>

На децата во Англија ќе им биде забрането да играат фудбал со глава во обид да се подобри нивната безбедност. Фудбалската асоцијација (ФА) објави дека ќе започне постепено да забранува удари со глава на сите тимски натпревари за деца на возраст од 11 години и помали. Идејата беше тестирана околу две години. Намерниот удар со глава ќе биде казнет со индиректен слободен удар. Децата од 7 до 9 години ќе престанат да играат со глава од следната сезона, до 10 години - од сезоната 2025/26, а до 11 години - од сезоната 2026/27. Почнувајќи од 12-годишна возраст, ќе биде дозволено играње со глава.
- Продолжуваме да играме водечка улога во оценувањето и подобрувањето на безбедноста на фудбалот. Нашата цел е, меѓу другото, да создадеме поголема техничка способност за играчите да играат со топката во нивните нозе, да обезбедиме поефикасно користење на времето за играње и да го намалиме времето кога топката е во воздух за време на натпреварот, објави ФА во соопштението.
Мерката доаѓа во време на истражување кое сугерира дека поранешните фудбалери имаат поголема веројатност да умрат од проблеми со мозокот отколку пошироката јавност. На пример, професионалните фудбалери имаат три и пол пати поголеми шанси да умрат од деменција отколку просечниот човек на иста возраст, објавија студиите.

The post На фудбалери помлади од 11 години ќе им биде забрането да играат со глава appeared first on Република.

]]>
Катерина <![CDATA[Едно лице почина, друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип]]> https://republika.mk/?p=779626 2024-05-18T19:20:13Z 2024-05-18T18:43:50Z

Едно лице загина а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според првичните информации се случила попладнево о лифт во угостителски објект во Штип, потврди штипската полиција.

Повеќе детали околу несреќата засега нема, но од СВР Штип велат дека во тек е увид од страна на полицијата, јавен обвинител од ОЈО Штип, а на терен се и државни инспектори.

Според првичните информации починатото лице и неговиот колега извршувале работна задача во моментот на несреќата.

The post Едно лице почина, друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип appeared first on Република.

]]>

Едно лице загина а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според првичните информации се случила попладнево о лифт во угостителски објект во Штип, потврди штипската полиција. Повеќе детали околу несреќата засега нема, но од СВР Штип велат дека во тек е увид од страна на полицијата, јавен обвинител од ОЈО Штип, а на терен се и државни инспектори. Според првичните информации починатото лице и неговиот колега извршувале работна задача во моментот на несреќата.

The post Едно лице почина, друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип appeared first on Република.

]]>
Катерина <![CDATA[Девојче од Црна Гора планирало масакр во Грац: Купило секира и нож за да убие „што е можно повеќе луѓе во црно“]]> https://republika.mk/?p=779619 2024-05-18T18:22:47Z 2024-05-18T18:33:30Z

Девојче (14) по потекло од Црна Гора е осомничено дека сакало да изврши напад во австрискиот град Грац, а при претресот на куќата во којашто живеело истражителите пронашле оружје и ужасни фотографии и видеа од обезглавувања.

Тоа, како што се наведува, имало само една цел: да ги убие сите неверници.

Според полицијата, девојчето веќе купило секира, нож и облека за по случаен избор да нападне луѓе во Грац. Освен тоа, тоа испратило и фотографии од планот за напад на истомисленици преку апликацијата Телеграм.

Нападот требало да биде „насочен кон неверниците“, а вклучувал случајно убиство на „луѓе облечени во црно“ и убивање „што е можно повеќе“.

Австриската полиција не знае точно кога било планирано да се изврши нападот, но е сигурна дека нападот ќе се случел.

„Претпоставуваме дека тоа беше неизбежно“, изјавил портпаролот на полицијата Фриц Грундинг.

Девојчето е родено во Црна Гора и живее во Грац, но се уште нема австриско државјанство.

При распитот девојчето не признало, а на сослушувањето присуствувале и нејзините родители кои наводно не знаеле за страшните планови на нивната ќерка.

The post Девојче од Црна Гора планирало масакр во Грац: Купило секира и нож за да убие „што е можно повеќе луѓе во црно“ appeared first on Република.

]]>

Девојче (14) по потекло од Црна Гора е осомничено дека сакало да изврши напад во австрискиот град Грац, а при претресот на куќата во којашто живеело истражителите пронашле оружје и ужасни фотографии и видеа од обезглавувања. Тоа, како што се наведува, имало само една цел: да ги убие сите неверници. Според полицијата, девојчето веќе купило секира, нож и облека за по случаен избор да нападне луѓе во Грац. Освен тоа, тоа испратило и фотографии од планот за напад на истомисленици преку апликацијата Телеграм. Нападот требало да биде „насочен кон неверниците“, а вклучувал случајно убиство на „луѓе облечени во црно“ и убивање „што е можно повеќе“. Австриската полиција не знае точно кога било планирано да се изврши нападот, но е сигурна дека нападот ќе се случел.
„Претпоставуваме дека тоа беше неизбежно“, изјавил портпаролот на полицијата Фриц Грундинг.
Девојчето е родено во Црна Гора и живее во Грац, но се уште нема австриско државјанство. При распитот девојчето не признало, а на сослушувањето присуствувале и нејзините родители кои наводно не знаеле за страшните планови на нивната ќерка.

The post Девојче од Црна Гора планирало масакр во Грац: Купило секира и нож за да убие „што е можно повеќе луѓе во црно“ appeared first on Република.

]]>
Катерина <![CDATA[Во голема полициска акција во Албанија запленети 3 милиони евра кеш, 5 блинидирани возила, покер маса]]> https://republika.mk/?p=779620 2024-05-18T18:21:21Z 2024-05-18T18:21:21Z

Во голема полициска акција спроведена во повеќе градови во Албанија запленет е имот вреден над 4,5 милиони евра.

– Пронајдени и одземени како материјални докази се 2.996.760 евра готовина; значителни количини злато и скап накит; часовници од скапи марки со приближна вредност од 500.000 евра; огнено оружје; прилагодени регистарски таблички; луксузни возила (од кои пет блиндирани возила во вредност од над 500.000 евра); системи за надзор со камера, покер маса и слично, објави Министерството за внатрешни работи на Албанија.

Со оваа опсежна операција биле опфатени седум структурирани криминални групи со значителна моќ, особено во поголемите градови како што се Тирана, Драч, Валона, Лежа, Фуш Круја и Решен, а биле издадени 43 налози за апсење.

Уапсени се 20 лица, а по останатите, меѓу кои и поранешен пратеник и четворица високи полициски раководители се трага.

The post Во голема полициска акција во Албанија запленети 3 милиони евра кеш, 5 блинидирани возила, покер маса appeared first on Република.

]]>

Во голема полициска акција спроведена во повеќе градови во Албанија запленет е имот вреден над 4,5 милиони евра.
– Пронајдени и одземени како материјални докази се 2.996.760 евра готовина; значителни количини злато и скап накит; часовници од скапи марки со приближна вредност од 500.000 евра; огнено оружје; прилагодени регистарски таблички; луксузни возила (од кои пет блиндирани возила во вредност од над 500.000 евра); системи за надзор со камера, покер маса и слично, објави Министерството за внатрешни работи на Албанија.
Со оваа опсежна операција биле опфатени седум структурирани криминални групи со значителна моќ, особено во поголемите градови како што се Тирана, Драч, Валона, Лежа, Фуш Круја и Решен, а биле издадени 43 налози за апсење. Уапсени се 20 лица, а по останатите, меѓу кои и поранешен пратеник и четворица високи полициски раководители се трага.

The post Во голема полициска акција во Албанија запленети 3 милиони евра кеш, 5 блинидирани возила, покер маса appeared first on Република.

]]>
Катерина <![CDATA[Богданчанец ѝ се заканувал на Кацарска во кафе-бар во центарот на Скопје]]> https://republika.mk/?p=779617 2024-05-18T20:04:56Z 2024-05-18T17:52:28Z

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска добила вербални закани од маж на педесетина години додека седела во кафе-бар во Скопје.

Инцидентот се случил денеска околу пладне, а за безбедноста на судијката се погрижилообезбедувањето. Кацарска го пријавила во полициската станица „Беко“.

-Полициски службеници од Полициската станица Центар денеска во 14:00 часот го лишиле од слобода В.П.Г. (57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје со зборовите „ќе одговараш, страшно ќе одговараш”. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Од Уставниот суд за МИА потврдија дека претседателката на Судот Кацарска денеска во полициска станица пријавила вербален напад и загрозување на сигурноста. Изјава за настанот во полиција дале неколку сведоци.

Ова е вторпат за неколку дена Кацарска да добива закани. Во подземна гаража на зграда во Центар на 14 мај беа пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на претседателката на Уставниот суд.

https://republika.mk/vesti/makedonija/katsarska-vo-garazha-ja-prechekal-improviziran-krevet-i-kujnski-nozh-zaboden-vo-prekinuvachot-za-svetlo/

The post Богданчанец ѝ се заканувал на Кацарска во кафе-бар во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска добила вербални закани од маж на педесетина години додека седела во кафе-бар во Скопје. Инцидентот се случил денеска околу пладне, а за безбедноста на судијката се погрижилообезбедувањето. Кацарска го пријавила во полициската станица „Беко“.
-Полициски службеници од Полициската станица Центар денеска во 14:00 часот го лишиле од слобода В.П.Г. (57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје со зборовите „ќе одговараш, страшно ќе одговараш”. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Од Уставниот суд за МИА потврдија дека претседателката на Судот Кацарска денеска во полициска станица пријавила вербален напад и загрозување на сигурноста. Изјава за настанот во полиција дале неколку сведоци. Ова е вторпат за неколку дена Кацарска да добива закани. Во подземна гаража на зграда во Центар на 14 мај беа пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на претседателката на Уставниот суд. https://republika.mk/vesti/makedonija/katsarska-vo-garazha-ja-prechekal-improviziran-krevet-i-kujnski-nozh-zaboden-vo-prekinuvachot-za-svetlo/

The post Богданчанец ѝ се заканувал на Кацарска во кафе-бар во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>
Катерина <![CDATA[Ахмети ги обвини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето, а ги спомена и убивање]]> https://republika.mk/?p=779615 2024-05-18T19:23:34Z 2024-05-18T17:39:52Z

По три часа заврши состанокот на претседателството на Демократска унија за интеграција (ДУИ) во нивното седиште во тетовска Мала Речица, по што беше најавено дека ставот во врска со прегласувањето на седум избирачки места за параламентарните избори ќе биде изграден заедно со сите партии од Европскиот фронт. Портпаролот Арбр Адеми најави дека ќе имаат други состаноци со сите партнери во рамки на Европскиот фронт.

- Денеска ги разгледувавме сите политички случувања, особено внимание предизвика изборниот инженеринг. И пред да се поднесуваат приговорите ние ја известивме јавноста бидејќи имавме информации од прва рака во што се состои политичкиот „дил“. Ги известивме сите граѓани, нашите партнери, тоа се потврди со конкретни дела и во Државната изборна комисија, но и во Управниот суд. За натамошните чекори претседателот Ахмети ќе има координативни средби со сите политички партии кои го сочинуваат Европскиот фронт. Така што, нема што повеќе да додадеме освен тоа што претседателот Ахмети веќе го сподели со сите вас и пред почетокот на денешниот состанок, изјави Адеми.

Пред да почне состанокот претседателот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека ќе прават анализа на одлуките на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ за да се повторат изборите на неколку изборни места.

- Ова е направено од двете најголеми партии од македонска националност кои за жал политики се плашиме дека ќе имаат влијание и на меѓуетничките односи кои ние не ги посакуваме. Така што, ние ќе правиме анализа, која исто така ова повторување што ќе се прави, се прави со една ризична позадина ние Албанците да се убиеме, како што се случи на едно изборно место во Општина Желино, тоа не го посакуваме, ниту пак ќе се случи. Ако сака некој има стратегија да пукаме ние Албанците меѓу себе, нема да се реализира, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ најави дека ќе се консултираат и експерти околу одлуките на ДИК за прегласување во неколкуте општини на 22 мај.

The post Ахмети ги обвини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето, а ги спомена и убивање appeared first on Република.

Сани <![CDATA[Белгиски Лиеж поплавен]]> https://republika.mk/?p=779609 2024-05-18T16:57:34Z 2024-05-18T16:57:34Z

Подрачјето на белгискиот град Лиеж е погодено од поплави предизвикани од обилните дождови кои веќе предизвикаа штети во Франција.

На подрачјето на тој град досега се евидентирани околу 550 интервенции, а гувернерот Ерве Џамар мобилизирал 150 пожарникари во борбата против последиците од елементарната непогода.

Ова се главно интервенции за испумпување вода кои продолжија денеска изутрината, соопшти канцеларијата на гувернерот на погодената провинција.

Службите за итни случаи соопштија дека нивото на водата почнало да се намалува.

Од другата страна на границата, во холандската провинција Лимбург, два кампа се евакуирани поради опасност од поплави.

Во францускиот департман Мозел, на североистокот, денеска во раните утрински часови беше објавена тревога поради опасност од поплави.

The post Белгиски Лиеж поплавен appeared first on Република.

]]>

Подрачјето на белгискиот град Лиеж е погодено од поплави предизвикани од обилните дождови кои веќе предизвикаа штети во Франција. На подрачјето на тој град досега се евидентирани околу 550 интервенции, а гувернерот Ерве Џамар мобилизирал 150 пожарникари во борбата против последиците од елементарната непогода.
Ова се главно интервенции за испумпување вода кои продолжија денеска изутрината, соопшти канцеларијата на гувернерот на погодената провинција.
Службите за итни случаи соопштија дека нивото на водата почнало да се намалува. Од другата страна на границата, во холандската провинција Лимбург, два кампа се евакуирани поради опасност од поплави. Во францускиот департман Мозел, на североистокот, денеска во раните утрински часови беше објавена тревога поради опасност од поплави.  

The post Белгиски Лиеж поплавен appeared first on Република.

]]>
Сани <![CDATA[То Лам именуван за претседател на Виетнам]]> https://republika.mk/?p=779606 2024-05-18T16:54:18Z 2024-05-18T16:54:18Z

Комунистичката партија на Виетнам го именува министерот за јавна безбедност То Лам за нов шеф на државата.

– Централниот комитет одобри другарот То Лам, член на Политбирото и министер за јавна безбедност, да биде именуван за претседател, објави Виетнамската новинска агенција (ВНА).

Лам (66), кој ја извршуваше функцијата министер за јавна безбедност од 2016 година, имаше тврд став против движењата за човекови права.

Неговото именување уследи по оставката на Во Ван Туонг во март.

The post То Лам именуван за претседател на Виетнам appeared first on Република.

]]>

Комунистичката партија на Виетнам го именува министерот за јавна безбедност То Лам за нов шеф на државата. – Централниот комитет одобри другарот То Лам, член на Политбирото и министер за јавна безбедност, да биде именуван за претседател, објави Виетнамската новинска агенција (ВНА). Лам (66), кој ја извршуваше функцијата министер за јавна безбедност од 2016 година, имаше тврд став против движењата за човекови права. Неговото именување уследи по оставката на Во Ван Туонг во март.  

The post То Лам именуван за претседател на Виетнам appeared first on Република.

]]>
Сани <![CDATA[Овие пијалаци го забрзуваат варењето на храната]]> https://republika.mk/?p=779603 2024-05-18T16:45:43Z 2024-05-18T16:43:35Z

Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени, добро би било да почнете да консумирате некои од овие природни пијалаци, што го забрзуваат варењето на храната и на тој начин ќе ви помогнат побрзо да добиете рамен стомак.

Кога варењето на храната ви е проблем, и имате опстипација (запек), па заради тоа се соочувате со подуеност, би можеле да пробате некој од овие 3 пијалаци за рамен стомак. Секој од нив ќе му помогне на вашиот организам полесно да ја свари храната, а особено ќе ви се најдат ако често имате проблем со затвор.

Имајте предвид дека не е добро сами на своја рака да земате одредени природни лекови. Затоа, пред да почнете со консумирање на некои од овие пијалаци добро би било да се консултирате и со лекар или нутриционист.

Млака вода и лимон

Мешавината од млака вода ќе ви помогне за детоксикација на организмот и ќе ви помогне полесно да се ослободите од штетните материи во телото.

Дополнително се препорачува и за лицата што имаат проблеми со кожата и кои сакаат да го зајакнат имунитетот.

За да го подготвите, потребно е да земете чаша млака вода и во неа да исцедите сок од цел лимон и тоа да го испиете.

Овој пијалак можете да го пиете наутро, наместо кафе, а може да се консумира и превентивно доколку често имате проблеми со варењето на храната и подуеност.

Маслиново масло и лимон

Освен што помага во варењето на храната, се верува дека комбинацијата од маслиново масло и лимон може да ви помогне и во разбивањето на камења во бубрезите, при болка во зглобовите или да го спречи стареењето.

За да го подготвите, во една чаша треба да ставите природен сок од лимон и во него да ставите една лажица маслиново масло.

За најдобар ефект, овој пијалак треба да се пие наутро или неколку часа по оброкот.

Сода бикарбона и млака вода

Сода бикарбоната и млаката вода уште во минатото често се користеле како лек за киселини во желудникот и за подобрување на варењето на храната.

Во овој случај, треба да се користи само фармацевтска сода бикарбона (без алуминиум), која ја има во аптеки или во продавници за здрава храна, а овој пијалак не се препорачува за оние што страдаат од чир на желудникот.

Исто така, според некои истражувања, прекумерното консумирање сода бикарбона може да доведе до пореметувања на работата на срцето, затоа пред да почнете да го консумирате овој пијалак, неопходно е да се консултирате со лекар.

The post Овие пијалаци го забрзуваат варењето на храната appeared first on Република.

]]>

Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени, добро би било да почнете да консумирате некои од овие природни пијалаци, што го забрзуваат варењето на храната и на тој начин ќе ви помогнат побрзо да добиете рамен стомак. Кога варењето на храната ви е проблем, и имате опстипација (запек), па заради тоа се соочувате со подуеност, би можеле да пробате некој од овие 3 пијалаци за рамен стомак. Секој од нив ќе му помогне на вашиот организам полесно да ја свари храната, а особено ќе ви се најдат ако често имате проблем со затвор. Имајте предвид дека не е добро сами на своја рака да земате одредени природни лекови. Затоа, пред да почнете со консумирање на некои од овие пијалаци добро би било да се консултирате и со лекар или нутриционист. Млака вода и лимон Мешавината од млака вода ќе ви помогне за детоксикација на организмот и ќе ви помогне полесно да се ослободите од штетните материи во телото. Дополнително се препорачува и за лицата што имаат проблеми со кожата и кои сакаат да го зајакнат имунитетот. За да го подготвите, потребно е да земете чаша млака вода и во неа да исцедите сок од цел лимон и тоа да го испиете. Овој пијалак можете да го пиете наутро, наместо кафе, а може да се консумира и превентивно доколку често имате проблеми со варењето на храната и подуеност. Маслиново масло и лимон Освен што помага во варењето на храната, се верува дека комбинацијата од маслиново масло и лимон може да ви помогне и во разбивањето на камења во бубрезите, при болка во зглобовите или да го спречи стареењето. За да го подготвите, во една чаша треба да ставите природен сок од лимон и во него да ставите една лажица маслиново масло. За најдобар ефект, овој пијалак треба да се пие наутро или неколку часа по оброкот. Сода бикарбона и млака вода Сода бикарбоната и млаката вода уште во минатото често се користеле како лек за киселини во желудникот и за подобрување на варењето на храната. Во овој случај, треба да се користи само фармацевтска сода бикарбона (без алуминиум), која ја има во аптеки или во продавници за здрава храна, а овој пијалак не се препорачува за оние што страдаат од чир на желудникот. Исто така, според некои истражувања, прекумерното консумирање сода бикарбона може да доведе до пореметувања на работата на срцето, затоа пред да почнете да го консумирате овој пијалак, неопходно е да се консултирате со лекар.  

The post Овие пијалаци го забрзуваат варењето на храната appeared first on Република.

]]>
Сани <![CDATA[Голема полициска акција во Албанија: Запленети три милиони евра кеш, злато, скап накит, часовници, пиштоли…]]> https://republika.mk/?p=779600 2024-05-18T16:40:48Z 2024-05-18T16:40:48Z

Во голема полициска акција, во содејство со Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), спроведена во повеќе градови во Албанија, запленет е имот вреден над 4,5 милиони евра.

Пронајдени и одземени како материјални докази се 2.996.760 евра готовина; значителни количини злато и скап накит; часовници од скапи марки со приближна вредност од 500.000 евра; огнено оружје; прилагодени регистарски таблички; луксузни возила (од кои пет блиндирани возила во вредност од над 500.000 евра); системи за надзор со камера, покер маса и слично, објави Министерството за внатрешни работи.

Се додава дека во рамки на оваа мега-операција, биле погодени седум структурирани криминални групи со значителна моќ и географски опфат на нивните криминални активности во некои од поголемите градови во земјата, како што се Тирана, Драч, Валона, Лежа, Фуш Круја и Решен, а биле издадени 43 налози за апсење.

Уапсени се 20 лица, а по останатите, меѓу кои и поранешен пратеник и четворица високи полициски раководители се трага.

The post Голема полициска акција во Албанија: Запленети три милиони евра кеш, злато, скап накит, часовници, пиштоли… appeared first on Република.

]]>

Во голема полициска акција, во содејство со Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), спроведена во повеќе градови во Албанија, запленет е имот вреден над 4,5 милиони евра.
Пронајдени и одземени како материјални докази се 2.996.760 евра готовина; значителни количини злато и скап накит; часовници од скапи марки со приближна вредност од 500.000 евра; огнено оружје; прилагодени регистарски таблички; луксузни возила (од кои пет блиндирани возила во вредност од над 500.000 евра); системи за надзор со камера, покер маса и слично, објави Министерството за внатрешни работи.
Се додава дека во рамки на оваа мега-операција, биле погодени седум структурирани криминални групи со значителна моќ и географски опфат на нивните криминални активности во некои од поголемите градови во земјата, како што се Тирана, Драч, Валона, Лежа, Фуш Круја и Решен, а биле издадени 43 налози за апсење. Уапсени се 20 лица, а по останатите, меѓу кои и поранешен пратеник и четворица високи полициски раководители се трага.  

The post Голема полициска акција во Албанија: Запленети три милиони евра кеш, злато, скап накит, часовници, пиштоли… appeared first on Република.

]]>
Сани <![CDATA[Ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места ДУИ ќе го формира со коалициските партнери од Европски фронт]]> https://republika.mk/?p=779597 2024-05-18T16:36:29Z 2024-05-18T16:36:29Z

По три часа заврши состанокот на претседателството на Демократска унија за интеграција (ДУИ) во нивното седиште во тетовска Мала Речица, по што беше најавено дека ставот во врска со прегласувањето на седум избирачки места за параламентарните избори ќе биде изграден заедно со сите партии од Европскиот фронт. Портпаролот Арбр Адеми најави дека ќе имаат други состаноци со сите партнери во рамки на Европскиот фронт.

Денеска ги разгледувавме сите политички случувања, особено внимание предизвика изборниот инженеринг. И пред да се поднесуваат приговорите ние ја известивме јавноста бидејќи имавме информации од прва рака во што се состои политичкиот „дил“. Ги известивме сите граѓани, нашите партнери, тоа се потврди со конкретни дела и во Државната изборна комисија, но и во Управниот суд. За натамошните чекори претседателот Ахмети ќе има координативни средби со сите политички партии кои го сочинуваат Европскиот фронт. Така што, нема што повеќе да додадеме освен тоа што претседателот Ахмети веќе го сподели со сите вас и пред почетокот на денешниот состанок, изјави Адеми.

Пред да почне состанокот претседателот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека ќе прават анализа на одлуките на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ за да се повторат изборите на неколку изборни места.

Ова е направено од двете најголеми партии од македонска националност кои за жал политики се плашиме дека ќе имаат влијание и на меѓуетничките односи кои ние не ги посакуваме. Така што, ние ќе правиме анализа, која исто така ова повторување што ќе се прави, се прави со една ризична позадина ние Албанците да се убиеме, како што се случи на едно изборно место во Општина Желино, тоа не го посакуваме, ниту пак ќе се случи. Ако сака некој има стратегија да пукаме ние Албанците меѓу себе, нема да се реализира, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ најави дека ќе се консултираат и експерти околу одлуките на ДИК за прегласување во неколкуте општини на 22 мај.

The post Ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места ДУИ ќе го формира со коалициските партнери од Европски фронт appeared first on Република.