Новоизбраниот претседател на СДСМ Венко Филипче денес соопшти дека одлучил на своето презиме да го додаде и презимето на семејството Заеви, откако ја презеде функцијата во партијата по изборите во неделата.
На овој потег се одлучил бидејќи не сакал целосно да го избрише сопственото презиме, а истовремено сакал да оддаде почит на неговиот политички ментор и спонзор Зоран Заев и неговиот брат Вице, кој, како што вели, му претставувал можеби најголема поддршка во целиот овој процес.
Одлучив од денес да сум Венко Филипче-Заев, со што ќе се обезбеди и семеен континуитет, на некој начин, династиски, генерациски, во владеењето со СДСМ. Сите учиме на грешките од минатото, па така одлуката на Ковачевски да не го додаде презимето Заев на крај резултираше со голем пораз на СДСМ. Мојата цел е СДСМ повторно да се врати на победничките патеки, а ова е првиот и клучен чекор во таа насока, изјави пред медиумите Венко Филипче-Заев.
Од рака му оди и тоа што е директор на фондацијата „Заев“, коментираат круговите на Бихачка. За голем дел од членството овој потег е за поздравување и го гледаат како вовед во новите победи на СДСМ.
Очекувам да продолжи онаму каде што Зоран застана со политиките. Значи, фабриките на гугл, фејсбук, стазата за формула еден… сите овие проекти очекувам да се вратат во понудата на СДСМ и повторно да ја воодушевиме јавноста, гласачите и да се вратиме заедно на победничките патеки, коментира госпоѓа Лиде-Лиде, која на својата тетоважа од Венко Филипче-Заев денес ги природаде и ликовите на Зоран и Вице Заеви.
Во игра биле неколку варијанти наместо простото придодавање на презимето Заев, како на пример Венко Зоранче, Венко Вицуле или Венко Заев Вистински, но сите се согласиле дека комбинацијата Венко Филипче-Заев најдобро ја отсликува политиката која новиот претседател на СДСМ планира да ја води во иднина.
По промената на презимето се одржала мала свеченост во домот на Заеви каде домаќините го пречекале новиот член на семејството и му ги врачиле клучевите од неговата детска соба која од денес е во негово владение, се разбира, под одредени услови.
Очекуваме дисциплина и другарски однос, значи може што сака да прави во собата, но секој ден по 2-3 часа мора да учи како да се биде претседател како Заев. Морам да кажам дека е добар ученик, засега неформално сум го испрашувал неколку пати, последно кога ми кажа дека му се допаѓа мојот предлог да го направиме претседател на СДСМ, но очекувам и во иднина да го покаже сиот свој капацитет и да биде најдобрата верзија на Заев од себе, соопшти Зоран Заев.
Ако работи како што планирам, за викенди ќе може и да го вози моторот кој му го купив пред 3 години, додаде тој.
Првиот работен ден Филипче-Заев го помина во просториите на партијата во Скопје, после што е најавено негово заминување во Струмица каде на семеен ручек кој ќе го чести Вице Заев, Венко ќе раскажува со возбуда колку прекрасно си поминал и колку нови другарчиња запознал кои му соопштиле дека од прадедо до денес сите верувале дека токму тој е вистинскиот нов Заев кој ќе го собере сето шуто и рогато во партијата и на крај ќе продолжи да им е*е матер, односно да шири љубов на заевски начин, како што тоа го правеше премудриот Зоран Заев.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.