Skip to main content

Доделени наградите за 48 часовниот филмски предизвик во рамките на ЅИРНИ

За победниците на 48 часовниот филмски предизвик во рамките на седмото издание на фестивалот на филм и музика ЅИРНИ одлучуваше жирито во состав: Слаѓана Вујосевиќ, актерка; Игор Христов, режисер; и Горјан Атанасов, монтажер.

Ова се трите најдобри филмови направени за еден викенд.

1 место / НЕСОНИЦА Тим: Мартина Гогова, Стефани Миленковска, Никола Станишлевиќ, Антингона Џорлева.„Несоница“ е вознемирувачки портрет на младите во Скопје. Преку едноставни, но добро осмислени кадри, преку моќната тишина која буди внатрешен крик и силната симболика на губењето на еден едноставен предмет се раѓа метафората за колективното чувство на летаргија на една цела генерација. Ова е филм за тивката безнадежност на растењето во еден комплетно занемарен град… Пораката е јасна, нема сон во Скопје, само молк кај тие кои треба да се најгласни!

2 место / КЛОШАРИ Тим: Едис Усеин, Борјан Поповски, Дамјан Шоќев, Андреј Самарџиев, Веран Павлов, Ана Ангелич, Надја Лукановска, Огнен Ромевски, Антонио Једиковски.Поради одличната режија и храбрата употреба на широкоаголни објективи и долги кадри со богат мизансцен, како и вешта употреба на визуелни ефекти и графички решенија низ целиот филм, втората награда ја доделуваме на краткиот игран филм „Клошари“.

3 место / FEVER DREAMТим: Ева Божиновска, Ведра Симонова, Теодор ДамјаноскиТрето место се доделува на филмот – Fever Dream заради успешната визуелна парарела помеѓу реалноста и сонот. Паралела која ве држи во една емоција на бладање до самиот крај.

Специјално признание

Остатоци / Тим: Леона Јариќ, Ѓорѓе Нешковиќ, Михаела Димитровска, Ева Тодоровска, Андреј Димески, Ксенија Манулеска, Теона ХристовскаОстатоци е филм кој само од две локаци и двајца ликови успева да ве остави со многу емоционални остатоци. Со одличната актерска игра на Ѓорѓе Нешкович и Михаела Димитровска и визуелна прецизност на Андреј Димески филмот успева да ве ниша помеѓу минатото и сегашноста.

Специјално признание

„Во чие име“/ Тим: Наке Батев, Ивана Батев Во чие име е филм кој се издвојува со својот документарно игран пристап ,вкључувајки ги итро зададените насоки (зборчиња) како прашања кој дават реална критика кон глобалните проблеми“

Првонаградениот филм доби и монетарната награда, овозможена од Халк Банка. Со доделувањето на наградите се заокружи уште едно издание на фестивалот на филм и музика ЅИРНИ.

Поврзани вести