
Во период од четири години во општина Бутел успеавме да реконструираме 102 улици со вкупна вредност од триста дваесет милиони денари, вели актуелниот и кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Бутел, стои во партиското соопштение.
Некои од нив чекаа за реконструкции и по неколку децении.
Реконструиравме голем број клучни сообраќајници Киро Димушков, Хо Ши Мин, Симче Настевски, Натанаил Кучевишки, Скоевска, Бутелска, Радишанска, улица Бетовенова, главната улица на Љуботенски пат.
Вашите потреби се мој врвен приоритет. Реконструиравме улици во секое населено место. Ќе продолжиме уште посилно, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.