
Во Македонскиот КИЦ во Загреб, синоќа се одржа краток омаж на дводомниот македонско-хрватски композитор Тома Прошев и Концерт ,,Од класицизам до македонизам”.
Клавирски дела од Тома Прошев изведоа студенти на Музичката академија во Загреб од Македонија:
• Виктор Рафајловски – „Варијации на пијано“
• Андреа Николовска – „Арабеска и Токатина“
• Борјан Оливер – „Музичка сликовница“ (внук на композиторот)
За ликот и делото на композиторот Тома Прошев сопствени спомени и историско-научни податоци споделија неговата ќерка проф. д-р Борјана Прошев-Оливер и неговиот најстар внук, композитор и музиколог проф. Томислав Оливер.
По омажот се одржа концерт„Од класицизам до македонизам“, на квартетот Стрингендо
• Љубица Делева Поповска – виолина
• Олгица Шундиќ – виолина
• Љупка Каевиќ – виолончело
• Наташа Лазаревска – обоа