На вчерашниот собир на српската опозиција на плоштадот Славија поголема група насобрани т.н студенти влегоа во фонтаната при што направија огромна материјална штета.
Искршени се поголем број плочи на самата фонтана, украдени се 5 и искршени 11 рефлектори, а уништени се поголем број дизни и сензори.
Со 350 дизни, кои исфрлаат вода до висина до 16 метри и околу 400 рефлектори, кои со помош на компјутерска опрема овозможуваат повеќебојно осветлување и анимации.
Со помош на современа опрема, фонтаната може и во зима, на температура од минус 20 степени, да исфрла млаз вода во сите правци. Во својот контролен механизам има сензори кои автоматски го прилагодуваат режимот на работа на фонтаната во случај на посилен ветер.
Проценките се дека штетата е милионска.