
Премиерот на Владата на Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски присуствуваше на народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Македонски Брод.
-Еве не во втората недела од кампањата. Досега можевме да видиме кој за што се залага и кој која страна ја штити. Ние кои со чесна и искрена рабоа доаѓаме пред вас и ви велиме дека вложуваме огромен напор да го сработиме она што со години беше рушено, уништувано, крадено, рече Мицкоски.
Тој потенцира дека истите тие нашите противници со истото старо лице на целосна безидејност, одземена надеж и иднина кои не се никаква алтернатива, туку само имаат желба за власт.
-За да се повтори она што народот еднаш го порази. А тоа се личните бенифиции точно на грбот на народот. Богатење без одговорност. Таквото нивно управување ги разјаде сите темели на Македонија. А на овие избори секој човек во животот има момент кога треба да одлучи, не за политиката туку за тоа кому му верува, кого го препознава како свој, кој е тука кога беше тешко, кој не се крие кога треба да се одговори, кој го познава твоето маало, твојата мака, твојата борба, рече Мицкоски.
Тој потенцира дека постојат луѓе што доаѓаат со зборови и постојат луѓе што остануваат со дела. Тие не зборуваат за себе, тие зборуваат за вас, за тебе.
– Не ти ветуваат живот, туку работат да го направат животот подобар. Има нешто свето во тоа да го избереш својот човек. Човекот кој го познава секој агол од твојата улуца, кој знае колку чекаше да се среди патот кој не заборави ниту на најмалото село, ниту на најголемата грижа, рече Мицкоски од Македонки Брод.