
Денес во општина Македонски Брод коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ одржа народен митинг на кои беа претставени кандидатите за советници во советот и кандидатот за градоначалник Жарко Ристески.
Денес стојам пред вас исто како пред 4 години со иста енергија, сила и љубов за овој град. Но сега со поголемо искуство, со многу реализирани проекти. Често пати се прашувам дали направиме се’ што требаше. Не! Има уште многу што треба да се направи за нашиот град. Затоа Ви заблагодарувам за поддршката што ми ја давате. Македонски Брод стана препознатлива општина и дом за достоинствено живеење – рече Ристески.