Skip to main content

Интервју за познатата телевиска мрежа „Фокс њуз“ на пијанистот со светски глас Симон Трпчески и шеф-диригентот Џанандреа Нозеда

Принтскрин од видео

По повод трите блескави концерти што нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески на 2, 3 и 4 октомври ги имаше во Кенеди Центарот во Вашингтон, како солист на Националниот симфониски оркестар на американската престолнина, заедно со оркестарскиот шеф-диригент, прославениот Џанандреа Нозеда, а во изведба на Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од Камиј Сен-Санс, Трпчески и Нозеда дадоа интервју за познатата ТВ мрежа „Фокс њуз“.

Следните дестинации на македонскиот пијано виртуоз го водат на рецитал во Франција, со Пијано концертот број 1 на Чајковски се враќа како солист на матичната сцена на Филхармонијата на Монте Карло (диригент ќе биде Станислав Кочановски), по што со проектот МАКЕДОНИСИМО ќе гостува во Хонг Конг. До крајот на месецов, на турнејата со Кралскиот филхармониски оркестар низ Шпанија, на концертите во Сарагоса и Мадрид, под диригентската палка на Васили Петренко ќе биде солист во изведбата на Третиот концерт за пијано и оркестар од Сергеј Прокофјев.

Поврзани вести