Skip to main content

Поддршка за листата на коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар од Демократските сили на Ромите

Демократски сили на Ромите (ДСР)

Општинската организација на Демократските сили на Ромите (ДСР) во Гостивар одржа работен состанок со локалните координатори на партијата. На состанокот беше разгледана подготовката за претстојните локални избори и координацијата на активностите на терен.

Тргнувајќи од колективниот интерес и потребите на ромската заедница во Гостивар, Општинската организација на ДСР ја дава својата поддршка за листата на советници на коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ, која настапува под број 9. Со оваа одлука, ДСР стои зад политички избор што ќе го зајакне ромскиот глас во Гостивар и што ќе го штити соживотот меѓу заедниците.

ДСР изразува верување во локална власт што ги поврзува различните етнички заедници со политики што носат реални резултати, економски можности и почит за секој жител на Гостивар.

Поврзани вести