Skip to main content

Руски воздушни напади врз Запорожје

Во руските напади врз Запорожје, едно лице загинало, девет се ранети, а пожарникарите се борат со бројни пожари, објави на својот канал на Телеграм раководителот на локалната воена администрација на Запорожје, Иван Федоров.

Вечерва непријателот повторно го нападна Запорожје. Имаше најмалку десет летови над градот. Едно лице беше убиено. Девет беа ранети“, се наведува во соопштението, пренесува Укринформ.

Според Федоров, уништени се згради и приватни куќи, изгорени се автомобили, скршени се прозорци, оштетени се дворови, а електричната енергија и водата се во прекин.

Од првите минути по нападот, нашите спасувачи, комунални работници, лекари, енергетски работници и полицијата работат на терен“, рече Федоров.

Укринформ објави дека Русите извршиле најмалку 10 напади со дронови и авио-бомби врз Запорожје, а во некои области имало прекин на електричната енергија и водата.

Поврзани вести