Skip to main content
Виз Ер скопски маратон

Албион Имери од Албанија и ГресаБакрачи од Косово најбрзи на полумаратонот во Скопје

Албион Имери од Албанија во машка и во Греса Бакрачи од Косово во женска конкуренција победија на полумаратонската трка кој се одржа во рамки на 21. издание на Виз Ер скопскиот маратон.

Имери ја истрча полумаратонската трка со време од 1:07:57 часа, минувајќи прв низ целта пред македонските натпреварувачи Иван Пешовски (1:11:30) и Александар Арсов (1:12:52).

На женската полумаратонска трка, најбрзо време оствари Греса Бакрачи од Косово, истрчувајќи ја делницата од 21 километар за 1:20:50.

Втора низ целта мина македонската натпреварувачка Теа Божиновска со време од личен рекорд (1:21:10), а третото место го освои сонародничката Милјана Ристиќ Стојчевска (1:22:13).

Поврзани вести