Skip to main content

Мисајловски: Ѓорче Петров се развива, а Македонија оди напред кон успеси и подобра иднина за сите граѓани

Вечерва сум тука заедно да испратиме една огромна и најсилна порака: Ѓорче Петров се развива и станува модерна општина, со многу проекти и капитални инвестиции, а Македонија оди напред кон успеси и подобра иднина за сите граѓани. Вечерва се гледа силата на народот, енергија што ја движи нашата општина.

Ова го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за осбрана, Владо Мисајловски од народниот собир на партијата во Ѓорче Петров.

-Ѓорче Петров продолжува да се гради, да напредува и да расте. Ѓорче Петров е симбол за борбеност, симбол на чест и иднина. Овде има луѓе кои не се плашат да ја кажат вистината, луѓе кои знаат што е љубов кон татковината. Затоа велам вечерва ја истакнуваме посветеноста кон развојот и напредокот на нашата општина. Во изминативе години ние не ветувавме само празни зборови, ние работевме. Градоначалникот Александар со неговиот тим неуморно работеа за реализација на многу проекти и тоа го гледа секој еден жител на Ѓорче Петров. Александар со целиот тим покажаа што значи чесна и посветена работа. Проектите се тука, капиталните инвестиции продолжуваат, а градоначалникот заслужува целосна поддршка од сите нас, Александар е вистинскиот избор за Ѓорќе Петров, рече Мисајловски.

Порача дека минатите 4 години Стојкоски ја оправдал довербата со реализација на многу проекти за општината.

Поврзани вести