Skip to main content

Николовски: Ќе ја реконструираме стара училишна зграда во мултифункциски центар за развој на туризмот

Приоритетни проекти – Реконструкција на стара училишна зграда (Стаклара). Проектот ќе опфаќа реконструкција и адаптација со пренамена на старата зграда во мултифункциски центар со функција за развој на туризмот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од објавата на Фејсбук на нивниот кандидат за градоначалник на Кратово, Тодорче Николовски.

Промена на кров, нова фасада, столарија, електрика и водоводи, инсталации и ентериерно уредување.

Приземјето ќе биде адаптиран во: простор за културно уметнички и туристички намени (изложби и сл), сувенирница, библиотека.

Првиот кат ке биде сала за состаноци, 3 канцеларии, изложбен простор, конференциска сала, етно соба за прием и сл.

Третиот дел од истата зграда ќе биде наменет за сместувачки капацитети (апартмани) во функција на четирисезонски туризам.

Заокружи 9 за Кандидатот за Градоначалник Тодорче Николовски.

Заокружи 9 за Листата на советници, носител Љупчо Спиров.

Поврзани вести