
Забраната за товарни моторни возила на регионалниот пат Маврово – Дебар е укината од 12.40 часот – соопшти АМСМ.
Поради врнежи од снег, како што информираше претходно АМСМ, забраната за товарни моторни возила беше воведена на овој регионален патен правец.