Skip to main content

Од скапо, поскапо: Потрошувачката кошница во Црна Гора достигна 2.080 евра

Freepik

Според Центарот за обука, информации и синдикални истражувања (ЦЕИСИ) при Сојузот на слободни синдикати на Црна Гора (УССЦГ), синдикалната потрошувачка кошничка за третото тримесечје од годинава изнесува 2.080 евра.

Сумата е за 3,23 отсто или 65 евра поголема во однос на претходното тримесечје.

Од десетте категории опфатени во методологијата, пораст на трошоците е забележан во четири: храна (2,38%), домување и комуналии (4,08%), образование и курсеви (28,57%) и летни одмори (8%).

Врз основа на цените за 132 производи во трите најголеми трговски синџири, трошоците за храна се пресметани на 645 евра, што е за 15 евра повеќе отколку во второто тримесечје.

Ова е трето по ред тримесечје со раст на цените на храната, соопшти Сојузот на слободни синдикати на Црна Гора.

Поврзани вести