Skip to main content

Кочан ладно време, снег околу Скопје, а дел од скопјани останаа без парно греење

Freepik

Утринава Водно и Скопска Црна гора се забелеа од снег. Температурите се зимски, околу 5 степени, кочан ладно е, а дел од скопјани останаа без парно греење. И додека сите кои се приклучени на парно, се израдуваа дека од 2 октомври ќе имаат топлење дома, веќе вчера се соочија со суровата вистина, греење нема. Радијаторите на дел од скопјани и вчера и денеска останаа ладни. За неиспорачување на топлинска енергија синоќа се огласија од ЕСМ Снабдување, нагласувајжи дека се работи за дефект, кој требаше брзо да се реши.

Поради зголемени загуби на вода во системот и потребата од изолација на истекување вода од дистрибутивната мрежа во реонот околу улицата „Павел Шатев“ („Бихаќка“), топланите Исток и Запад нема да испорачуваат топлинска енергија во период од околу три часа Екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилност и нормализација на снабдувањето.Се користат сите расположливи ресурси, а екипите преземаат засилени мерки и вложуваат максимални напори за што побрзо враќање на редовната испорака на топлина до потрошувачите, беше објавено на веб страницата на „ЕСМ Снабдување“.

Но три часа поминаа, помина и многу повеќе, а некои граѓани се уште немаат испорака на топлинска енергија.

Граѓаните револтирани, се жалат дека на вака ниски температури едноставно не се седи без греење, поради што мора да уклучуваат греалки и клими, за да се стоплат. Сето тоа ќе им ги зголеми сметките за струја, па при парно, ем ќе останат нестоплени ем ќе треба многу да платат струја и тоа покрај сметките кои ги плаќаат за испорака на топлинскла енергија, цела година.

Кај некои корисници на парно пак радијаторите се млаки, па воопшто не помагаат да се затоплат граѓаните.

Се на се, грејната за некого започна, за некого не, а надлежните без одоговор кога проблемот ќе се реши и кога скопјани ќе се стоплат на овие зимски температури.

Поврзани вести