
По речиси тридневен прекин што беше нареден од владата на талибанците од денеска низ цел Авганистан се обновени оптичкиот интернет и мобилните услуги.
Оптички интернет и телефонскиот сигнал се обновени во главниот град Кабул, како и во провинциите Хост на исток, Кандахар на југ и Херат на запад од земјата.
Претходно денеска талибанците негираа дека интернетот и мобилниот телефонски сигнал се прекинати во земјата, објаснувајќи дека е во тек замена на застарените оптички кабли.
Неколку провинции во Авганистан минатиот месец потврдија дека им е блокиран оптичкиот интернет поради декретот на лидерот на талибанците, Хибатула Ахунџада, кој тврди дека со ваквата мерка владата се бори против неморалот во земјата.
Обединетите нации (ОН) вчера ја повикаа владата на талибанците итно да го врати пристапот до интернетот и телекомуникациите.