
Рафинерија за нафта е во пламен во рускиот регион Јарослав, а руаките власти тврдат не станува збор за напад од страна на украинските вооружени сили.
Според извештаите, огнот бил предизвикан кога се запалила процесна опрема во рафинеријата.
Гувернерот Михаил Јевраев појасни дека пожарот е предизвикан од човечка активност и не е поврзан со напади со беспилотни летала.
Денес не се регистрирани напади со беспилотни летала. Службите за итни случаи веќе работат на гаснење на пожарот“, нагласи регионалниот гувернер.