
Актуелниот и кандидатот за градоначалник за нов мандат на Општина Конче од ВМРО-ДПМНЕ, Златко Ристов на денешниот митинг истакна дека во изминатите четири години покажале дека го менуваат изгледот на општината, а патишта и улици се изградени или реконструирани низ сите населени места.
Ристов посочи дека во изминатите години работеле и на канализациски и водоводни системи за достоинствени услови на сите жители, како и се уредувале јавни простори, училишта и паркови.
Во новата програма за наредните четири години, Ристов голем акцент става на проекти за најмладите и спортот.
-Планирана е реконструкција на тревниот стадион со изградба на соблекувална, изградба на велосипедски патеки, шаховски полиња, реконструкција на културни домови. Ќе ја зголемиме поддршката во образованието, ќе воведеме бесплатен училишен прибор за првоодделенците, стипендии за најдобрите ученици, еднократна помош за секој ученик кој завршува основно образование, стипендии за ввни спортисти, истакна Ристов.
Тој додаде дка планирани се голем број инфраструктурни проекти, а најави и голема поддршка во насока кон демографијата на населението.
Ристов потецираше и дека во наредниот период ќе се отворат канцеларии за МЗШВ, МТСП, МВР, а најави и дигитализација помеѓу институциите.