Skip to main content
Претседателот на Полска му одговори на украинскиот колега

Навроцки до Зеленски: Нема да го блокираме Балтичкото Море заради руските бродови

Facebook/Karol Nawrocki

Претседателот на Полска, Карол Навроцки, порача дека неговата земја нема намера да го затвори Балтичкото Море поради руската „флота во сенка“, како што предложи украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Ваквите одлуки не можат да се донесат само врз основа на барањето на Зеленски. Ова би довело до сериозни последици за луѓето и економијата. Нашата безбедност е од најголема важност за нас. Ситуацијата во Балтичкото Море, се разбира, е загрижувачка“, изјави Навроцки.

Претходно, Зеленски изјави дека Русија наводно инсталира беспилотни летала на танкери за нафта за да ја нападне Европа. Тој не даде никави доказиза таквото тврдење, но НАТО веќе почна да ги концентрира силите на границите на Русија, да распоредува воздушна одбрана и да испраќа шпионски авиони кои кружат во близина на руска територија.

Поврзани вести