
На денешниот митинг во Струга, премиерот Христијан Мицкоски укажа дека ова не се само обични локални избори, туку ова се избори во кои што се испраќа силна порака за политичката волја овде во Струга, во преубавиот град на Дрим.
Ова се локални избори каде што се одлучува за местото на вашето живеење за патот по кој одите, за училиштето во кое учи вашето дете, внук, за тоа како живеете, за парковите по кои шетате. Во основа имаме два избори, едниот избор е изборот да одиме сите назад, дасе вратиме кон темното минато на криминалот, корупцијата, тендерите, распаднатата и одземена држава, а со другата опција, односно другиот пат е оној во кој што бирате чесни кадри, опција која го дава последниот атом сила да успееме и да се спротиставиме на трулиот систем кој што го наследивме, истакна Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека на оваа раскрсница ќе има многу искушенија и тајни договори.
Едниот од тие тајни договори, за којшто вчера зборував е оној којшто го има политичката партија ДУИ и Левица. Тоа е договор којшто токму овде во Струга има за цел да нанесе директна штета на стружани. На сите оние стружани коишто длабоко во себе чувствуваат немир, револт и се згрозени од она повеќедецениско владеење на ДУИ во Струга. Која е целта на тој таен договор и која е целта на оваа коалиција? Прво, да направи дисипација на анти ДУИ гласовите, да ги подели стружани, а како тоа ќе го направат? Со тоа што истакнаа кандидат којшто како велеа на изобрите во 2021 година – Ако сте кандидат за градоначалник тогаш логично е да си дадете оставка! Но видовме дека кандидатот на Левица не си даде оставка од собранието. Како можеме на човек којшто на почеток од кампањата не ја говори вистината да му веруваме дека има чесна намера, рече Мицкоски.