Skip to main content

Костовски: Почнуваме со изградба на нов модерен мост во Радишани

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Бутел, Дарко Костовски објави дека започна изградба на нов мост во Радишани.

Костовски потенцира дека решоле децениско барање на граѓаните.

Постоечкиот мост изграден со импровизиран конструктивен систем од челична конструкција заминува во историја! Градиме нов мост во должина од 12,5 метри. Ширината на мостот од 5 метри ќе овозможи сообраќајот да се одвива во двете насоки истовремено. Ветувањата се реализираат! Општина Бутел се развива и се решаваат децениски барања на граѓаните, објави Костовски.

Костовски рече: Нашата иднина е овде во општина Бутел. И затоа ќе направиме нашата општина да биде модерна, современа и развиена!

Поврзани вести