
Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и од друштвата со ограничена одговорност „Флораком“ и „Луна“, кои се фирми-ќерки на ова претпријатие, излегоа на протест и два часа го блокираа булеварот „Илинден“ поради нередовна исплата на плати и неисплата на додатоци на плати.
Вработените веќе две недели ја немаат земено августовската плата, која законски требаше да биде исплатена до 15 септември, изјави денеска претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ (Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Македонија) Стојанче Кашиковски.