Skip to main content

„Делиите“ го гаѓаа нивниот поранешен голман Стојковиќ, мечот се играше 107 минути додека Звезда не даде гол

Навивачите на Црвена Звезда, популарните „Делије“ предизвикаа хаос на натпреварот против Раднички Крагујевац откако со топовски удар го погодија противничкиот голман Владимир Стојковиќ кој е поранешен голман на црвено-белите

Стојковиќ побара да се прекине натпреварот, потег кој дополнително го разлути навивачите на Црвена Звезда кои на теренот фрлаа и пиротехника. Мечот се играше со 17 минути продолжение односно додека домаќините не поведоа со 2-1.