Skip to main content

Почнува изборната кампањa: ВМРО-ДПМНЕ денеска во Скопје, СДСМ во Крушево

 Партиите и независните кандидати денеска на првиот ден од кампањата за Локалните избори 2025 започнуват со официјалните претставувања пред гласачите. Изборната кампања започна денеска и ќе трае до 17 октомври на полноќ по што следува 24-часовен молк пред гласањето на 19 октомври (втор круг 2 ноември). Освен на терен меѓу и со поддржувачите, кампањата е веќе започната и на социјалните мрежи.    

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата изборната кампања за Локалните избори 2025 ја започнуваат вечер во Скопје на голем настан на кој ќе го промовираат кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Претставувањето на сите кандидати за градоначалници и носители на листите за советници се одржа во саботата во Штип. 

Централниот настан на СДСМ и коалицијата вечер е во Крушево каде кандидат за градоначалник е Томе Христоски, а претходно нивниот изборен караван ќе биде во Демир Хисар и Могила.Тие вчера имаа претставување на сите кандидати на коалицијата што ја предводи опозициската партија. 

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, проф. Горан Марковски, поддржан од граѓанско-политичката платформа Независни заедно кампањата ќе ја почне со прес-конференција на Љубљанска во Карпош. 

Поврзани вести