Skip to main content

Митева: ВМРО-ДПМНЕ ниту преговара за македонскиот јазик, идентитет и култура, ниту тоа ќе го направи во кои било преговори

Влада

На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ која дискутираше за актуелната тема, објавувањето на предлог – резолуцијата за дефинирање на црвените линии од страна на СДС.

Не видовме ништо ново. Кога зборуваме на национални интереси прво правило е да имаме сериозност и континуитет особено во ставовите, јас такво нешто од СДС не видов, не станува збор за некоја нова резолуција. Жалам што имаме една ситуација каде што помпезно најавуваната резолуција од еден месец денеска заврши со една кратка објава и образложение дека истата ќе биде доставена до политичките партии, но барање исто така истата да не биде тема на разговор во овој период туку по изборите. Не ја гледам тука суштината и го сметам како незрел политички потег, вели Митева.

Митева праша која е позадината на објавување на документот и барање истиот да не се дебатира во рамките на периодот којшто е објавен.

Ако велите дека на ВМРО-ДПМНЕ му е интерес сопствениот рејтинг, тогаш што е рејтингот на СДС? Затоа што кога велите вие три дена пред почеток на официјалната кампања да излезете со документ којшто доцни повеќе од месец дена, а е помпезно најавуван тогаш се прашувам кој е вашиот интерес и која е позадината на објавувањето и барањето истиот да не се дебатира во рамките на периодот којшто е објавен?“.

Митева објасни дека ВМРО-ДПМНЕ од самиот почеток предупредувало дека суштината не е само вметнувањето на Бугарите во Уставот, но СДС немало слух ниту за граѓаните ниту за националните интереси.

Кои се црвените линии во резолуцијата? Јас истите не можев да ги најдам. И додека ние велевме од позиција на опозиција дека не е суштината само Бугарите во Устав туку е многу поголема, вие велевте дека ние шириме паника, дека ние сакаме да наштетиме на државата, дека ние немаме цел да ја внесеме Македонија во ЕУ, за многу малку време подоцна, а тоа е само 15 месеци да излезете со резолуција во којашто велите дека црвени линии се токму македонскиот јазик, идентитет и култура и да нема преговарање за истото. Како по однос на вакво национално прашање и јас којашто директно се занимавам со политики, но граѓаните коишто најмногу ги интересира оваа тема, да веруваат во веродостојноста на вашиот континуитет и на ставови политички коишто од позиција на опозиција се едни а од позиција на власт се други“, праша Митева и дополни:

ВМРО-ДПМНЕ ниту преговара за македонскиот јазик, идентитет и култура ниту тоа ќе го направи во било кои преговори. Дали за вас црвените линии се вметнување на Бугарите во Уставот? Имавте многу долг период и можност да бидете така широкоградни од позиција на власт, да ги слушате граѓаните коишто протестираа пред Собрание додека вие си гласавте заклучоци во парламент, сега вие покажувате отвореност и подадена рака“.

Митева истакна дека ВМРО-ДПМНЕ работи темелно и суштински без разлика дали е од позиција на опозиција или власт и се грижи за македонските национални интереси.

Клучната разлика во делувањето на ВМРО-ДПМНЕ е што и од позиција на опозиција и од позиција на власт сега, работиме темелно и суштински на ова клучно прашање, за мене резолуција за црвени линии за идентитет, за јазик и за култура е најсериозното прашање, затоа што тоа останува документ дека сум била дел од нешто коешто е направено и како власт и како опозиција, и затоа што идни генерации ќе треба да се повикуваат на тоа и ќе треба да носат чекори за иднината на оваа држава“, заклучи Митева.

Поврзани вести