Skip to main content

Мисајловски на средба со шведскиот амбасадор: Заедно работиме за професионална и подготвена Армија

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оставри средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шведска, Ола Сулстром и заменик амбасадорката, Елизабет Далберг Фриск.

На амбасадорот Сулстром му посакав добредојде и успех во градењето на пријателството и соработката меѓу нашите две земји. Разговаравме за унапредување на билатералната соработка во областа на одбраната, обука и размена на искуства, како и зајакнување на капацитетите на нашата Армија. Истовремено, изразив благодарност за континуираната поддршка на Шведска во нашите евроинтегративни процеси и за напорите насочени кон градење посилна и побезбедна држава. Заедно работиме за професионална и подготвена Армија која придонесува за стабилноста и безбедноста на Македонија и на регионот, истакнува Мисајловски.

Поврзани вести