
Околу 4,2 милиони Германци повеќе не можат да ги платат сметките за струја и гас – тоа е еден од 20 жители на земјата, објави „Билд“.
Според пишувањето на весникот, особено е тешка состојбата за подстанарите: 6,4% од домаќинствата се во долгови во споредба со 3,4% од сопствениците на домови.
Енергетската криза погодува уште повеќе луѓе: една третина од Германците не се во можност да покријат неочекувани трошоци од над 1.250 евра.
И покрај намалувањето од 2,3% на тарифите за струја и гас во август 2025 година, зголемувањето на цените за други услуги – вода, собирање ѓубре, одржување на згради – продолжува да ги оптоварува германските семејства.