
На 20 септември 2025 година, во 21:00 часот, во СВР Скопје 33-годишниот Г.С. од Скопје пријавил дека неговата сопруга В.А. (23) и нивната едногодишна ќерка биле физички нападнати на подрачјето на општина Аеродром.
Според пријавата, нападот го извршило женско лице кое најпрво употребило тврд предмет, а потоа и со остар предмет им упатило закани. Кога сопругот се обидел да интервенира и да ги заштити, бил нападнат од машко лице кое исто така користело тврд предмет.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.