Skip to main content

Данска првпат ќе купи оружје со долг дострел

Владата на Данска објави дека првпат ќе купи прецизно оружје со долг дострел, со цел да ги зајакне одбранбените капацитети, поради тоа што, како што велат, „руската закана долго време ќе биде присутна во Европа“.

Русија ќе претставува закана по Данска и по Европа долги години. Благодарение на ова оружје, данската одбрана ќе може да гаѓа цели на големи растојанија и на пример да неутрализира непријателски ракетни закани, изјави данската премиерка, Мете Фредериксен.

Според неа тоа „ќе претставува промена на парадигмата во данската одбранбена политика“.

Данска минатата недела најави дека ќе набави осум системи за противвоздушна одбрана со долг и среден дострел од европски производители. 

Поврзани вести