Skip to main content

Концертот на Аца Лукас е замислен како предновогодишна забава

Најголемата балканска и регионалана ѕвезда Аца Лукас на големо се подготвува за скопскиот спектакл закажан за 25 декември во салата Борис Трајковски. Опремата за концертот веќе е во Македонија, а како што најавуваат од продукцијата задолжена за настанот, Аца Лукас покрај големиот бенд и гостите, најавува и најсофистицирана аудио и видео опрема која ќе го надополни пред-новогодишниот амбиент.

Она што е ново, тој на социјалните мрежи ја објави и неговата специјална гостинка Мира Шкориќ која заедно со него ветуваат мега забава и предновогодишно загревање…

– Со Мира ќе биде лудо. Многу се радувам што доаѓа во Скопје, затоа што ќе биде вистинска забава. Кој ја слушал знае, плус со мене е тоа е веќе нешто за што ќе се зборува. Жал ми е што неможе да ме придружува на секој концерт, ама еве за Скопје ми се посреќи и едвај чекам да дојде 25 декември– изјави Лукас

Тој пред македонската публика со својот оркестар ќе ги отпее добро познатите хитови, но ќе ги изведе и новите песни кои секоја недела ги промовира по објавувањето на филмот Покидан а кои се во функција на загревање пред новогодишните празници…

Целиот концерт е замислен како предновогодишна забава

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel girişcasibom