
Во 00:45 часот,во с.Марино на крстосницата од ул.10 и сервисната улица, случена е сообраќајна незгода помеѓу ПМВ Хундаи Туксон управувано од Сашко Јанчев од Гевгелија и мопед Јијинг управувано од М.Д с.Идризово.
Од незгодата со повреди се задобиле учесникот М.Д и сопатничката А.Т од н.Илинден, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во скопските клиники.
М.Д се бори за живот.
Известен е јавен обвинител по негова наредба С.Ј. е лишен од слобода и приведен во ПС ОН Центар.
Учесникот и пријавител на незгодата Сашко Јанчев е пратеник во Собрание од партијата Левица.