
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан изјави дека е потребно да се преиспитаат сите важни политики на ЕУ донесени под водство на претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен.
Тој, во интервју дадено за време на неговата работна посета на Обединети Арапски Емирати, посочи дека ЕУ предводена од Лајен се движи кон бездната.
За Лајен подобро би било да се спакува, тивко да си оди дома и да им го остави Брисел на оние кои се способни да создадат подобри политики. Потребно е да се преиспитаат сите важни политики на ЕУ, бидејќи блокот се движи кон бездната со Урсула фон дер Лајен. Четири до петте главни политики треба да се укинат и заменат, што Лајен не е во можност да го направи – наведе Орбан.
Тој додаде дека „мора да бидат преиспитани“ политиката за зелена транзиција, политиката кон Украина, санкциите, трговската и миграциската политика.
Според Орбан, политичари како Лајен двапати ги втурнале Унгарците во војна со ужасни последици за земјата.
Дами и господа кои зборуваат германски, Германците кои се безбедни на Запад се обидуваат да ги вовлечат луѓето од Централна Европа, вклучително и Унгарците, во војна. Тоа е неприфатливо – истакна Орбан.