Skip to main content
Ударите го прекинаа снабдувањето на Унгарија со нафта

Трамп му кажал на Орбан дела е „многу лут“ поради украинските напади врз нафтоводот „Дружба“

Facebook / Orbán Viktor
Facebook / Orbán Viktor

Американскиот претседател Доналд Трамп му кажал на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека е „многу лут“ поради нападите на Украина врз нафтоводот „Дружба“, преку кој Унгарија добива нафта од Русија.

По првиот напад, унгарскиот премиер му напишал писмо на Трамп за тоа, а сега е објавен и одговорот, објавува весникот „Маџар Немзет“.

Не ми се допаѓа да го слушам ова. Многу сум лут. Кажете ѝ го ова на Словачка. Вие сте мои големи пријатели“, напишал американскиот претседател рачно.

Исто така , по вториот удар, кој ги прекина испораките на нафта во Унгарија преку „Дружба“, официјална Будимпешта се пожалила на постапките на Украина до Европската комисија, објави Министерството за надворешни работи на земјата.

Нафтоводот бил погоден со две серии американски системи „HIMARS MLRS“, испорачани на Украина од САД.

Поврзани вести