Skip to main content

Трагедија во Кичевско: Загинаа две малолетнички, излетале со четирицикл

Две малолетнички ги загубија животите откако со четирицикл излетале од локален пат во кичевско.

Од МВР информираат дека вчера попладне било пријавено дека на локален пат во село Колибари, 15-годишна малолетничка од с.Колибари, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со четирициклот излетала од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале малолетничката и нејзината малолетна сопатничка од с.Грешница, кичевско. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција, велат од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

Поврзани вести