Skip to main content

Мицкоски: Се санираат дефектите на цевководот од хидросистемот Ѓавато

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска изврши увид во градежните активности за санација на хидросистемот Ѓавато во општина Дојран.

Ценам дека е добро што на лице место излеговме на самиот цевковод траса од хидросистемот Ѓавато, да лично се увериме и видиме што се случувало во рок од повеќе од две децении од откако е направен овој хидросистем и да можеме од личе место да направиме одредена дијагностика по која после ќе постапуваме – рече Мицкоски.

Како што истакна и заменик министер во министерство за животна средина и просторно планирање Ане Лашковска детектирани се места каде што имаме пукнати цевки, каде цевките треба да ја донесав водата до базенот, каде после со други пумпи водате ќе биде однесена во Дојранското езеро.

Се трошат ресурси за систем којшто три-четири години функционира вака со расипан цевковод – потенцира Мицкоски.

Поврзани вести