Skip to main content

Северна Кореја изградила ракетна база во близина на границата со Кина

Chickenonline from Pixabay

Северна Кореја изгради воена база во близина на границата со Кина, за која се верува дека се користи за складирање на балистички ракети со долг дострел, според извештај на Американскиот центар за стратешки и меѓународни студии објавен оваа недела.

Таканаречената тајна, или „непријавена“ база за балистички ракети е изградена на само 27 километри од границата со Кина.

Се наоѓа во покраината Северен Пјонган, на северозапад од Северна Кореја.

Базата Синпунг-донг веројатно ќе сместува интерконтинентални балистички ракети (ИЦБМ), вклучувајќи ги и оние способни да носат нуклеарно оружје, се вели во извештајот.