
ВРЕДИ конечно обезбедува услови за реализација на проектот за проширување на булеварот Цветан Димов. Соработката на локалната власт со Владата на Република Македонија покажува значајни резултати, за прв пат се обезбедува сериозна и крупна инвестиција за Општина Чаир и левата страна на Скопје, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.
Сите влади на ДУИ во повеќе од 20 години не дале поддршка на Чаир и општините каде што живеат Албанците колку оваа Влада на ВРЕДИ што дава поддршка во само една година.
Проектот за проширување и трансформација на булеварот „Цветан Димов“, вреден 10 милиони евра, претставува најзначајниот инфраструктурен зафат во овој дел на главниот град во последните децении. Со овој проект, долгогодишните барања и потреби на над 100.000 жители ќе добијат одговор, Чаир и околните населби конечно ќе имаат модерен, безбеден и функционален булевар изграден по европски стандарди. Чаир ќе биде безбедно поврзан со останатите делови на Скопје.
Овој историски проект е резултат на заедничката работа на локалната власт и Владата на ВРЕДИ со јасна визијата за развој и со цел за рамномерен урбан напредок на целиот град. Чаир веќе не е запоставен.
Со оваа инвестиција, се испраќа јасна порака: граѓаните на Чаир и левата страна на Вардар повеќе нема да бидат заборавени. ВЛЕН покажува дека кога политиката е насочена кон луѓето, резултатите се видливи и конкретни.
Булеварот „Цветан Димов“ ќе стане симбол на новата ера на урбани инвестиции, еднакви за сите граѓани, без разлика во кој дел на Скопје живеат.