Петгодишно девојче е тешко повредено, откако нејзиниот тригодишен брат ја застрелал со огнено оружје во горниот дел од телото, во стан во југозападен Вашингтон, соопшти денеска американската полиција.
Полицијата соопшти дека во понеделникот вечерта околу 18:30 часот по локално време интервенирала поради дојава за пукање во станот.
Она што во овој момент го знаеме е дека женско дете е повредено кога помало дете пристапило до огнено оружје кое не било обезбедено во станот – изјави началникот на полицијата.
Девојчето добило прва помош и со тешки повреди било пренесено во подрачна болница, каде според досегашните информации се уште е во критична состојба, јавува ABC News.
Мажот кој во моментот на инцидентот се грижел за децата е уапсен, соопшти полицијата.
Уапсена е и девојка која е обвинета за напад на полицаец кој учествувал во интервенцијата, а се сомничи дека е сестра на застреланото девојче.
Полицијата соопшти дека истрагата се уште е во тек и повеќе информации ќе бидат објавени подоцна.