На сцената на Народниот театар – Штип вечер (17 декември) во 19 часот премиерно ќе биде изведена театарската претстава за деца „Магична симфонија“ од авторката Весна Куслеска, а во режија на Никола Ристов.
Во претставата играат: Миле Вратеовски, Анѓелка Нашкова, Мирко Голомеов, Стефанија Митовска, Милорад Ангелов, а гласот на цвеќето е Елена Шорова Дербов.
Композитор е Илија Ќосевски, костимите ги изработи Ирена Китанова Мирасчиева, кореографијата е на Марија Минчева Андонов, сценографијата и анимациите се на Никола Ристов, а дизајнот е на Анѓелка Нашкова.